Власи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Власите (или уште попознати како Ароманци, Цинцари и Куцовласи) се народ од романската етничка-група на народи, населен ширум Балканскиот полустров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците, Тесалијците и Античките Македонци (што не е точно), но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот полусотров.
Власите зборуваат на Влашки јазик кој е доста близок со албанскиот јазик и грчкиот јазик.
Во почетокот на XIX век Власите како еден од најбогатите балкански народи, имале своја „престолнина“ Москополе во која имало голема библиотека и гимназија која во тогашно време се сметала како факултет. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи се населил во Македонија (Крушево).
Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленската котлина во Егејска Македонија - Грција) итн.