Скадар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Скадар (албански: Shkodër или Shkodra; турски: İşkodra или Arnavut İskenderiyesi) е град и центар на истоимената околија во северозападна Албанија покрај Скадарското езеро. Тој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Буна и Кир. Во Скадар живеат околу 90.000 жители. Населението е мешано, христијани и муслимани.
[уреди] Име
- Според едни, денешниот албански назив за градот Shkodra (Шкодра), споменуван и во верзиите Scutari или Skutari доаѓа од латинскиот збор scutarii што во буквален превод значи заштитници, а тоа се однесува на римската легија која ја основал Царот Константин Велики.
- Според други, денешниот албански назив Shkodra потекнува од Shkodrin (shko - оди; Drin - Дрим) објаснувајќи го тоа со фактот што низ Скадар тече т.е. оди реката Дрим.
Градови во Албанија | ||
---|---|---|
Бајрам Цури | Берат | Драч | Ѓирокастро | Елбасан | Ерсека | Химара | Каваја | Корча | Кукс | Лежа | Пешкопеја | Подградец | Саранда | Скадар | Тирана | Тропоја | Валона |