Хоншу
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хоншу е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.
Островот е отприлика 1300 km долг и се протега од 50 до 230 km во ширина, а неговата вкупна површина е 230,500 km2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има 5450 km брегова линија.
Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3,776 m. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна - од ладниот север до суптропскиот југ.
Бројот на населението изнесува 98,352,000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто. На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.