Токио
Од Википедија, слободна енциклопедија
Токио 東京都 |
|
---|---|
![]() |
|
Регион | Канто |
Остров | Хоншу |
Површина: | 2,187.08 km² |
Население: | 12,527,115 |
Густина на насел.: | 5655 |
Веб-сајт: | www.metro.tokyo.jp/ Официјален веб-сајт/ |
Гувернер: | Шинтаро Ишихара |
Во Јапонија има повеќе градови мегалополиси. Најважниот и најголемиот од нив е главниот град на Јапонија - Токио. Тој не е најголем само во Јапонија туку е најголем град во светот. Токио се наога на островот Хоншу, во регионот Канто, односно центарот се наоѓа на 35°41' северно од Екваторот и 139°46' источно од Гринич. Зафаќа површина од 2.187,08 km²., но неговото влијание се чувствува 1000 km² околу центарот. Во него во самиот центар живеат околу 12 милиони луѓе, а заедно со предградијата живеат околу 35 милиони луѓе.
Содржина |
[уреди] Структура
За Токио треба да се знае дека според Јапонскиот закон тој не е град туку е направен како мегалополис. Неговата административна структура е различна од структурата на другите градови. Токио се состои од 23 специјални кварта кои до 1943 го сочинувале градот Токио, но сега тие претставуваат како посебни гратчиња, кои имаат самостојна административна власт, посебни градоначалници и посебен совет, и имаат статус на градови, и тие се во склоп на мегалополисот Токио. Освен овие во Мегалополисот Токио влегуваат уште 26 поголеми градови, 5 помали градови и 8 села, секој со посебна локална самоуправа. Освен ова во Токио влегуваат и повеќе езера, реки, островчиња и национални паркови.
[уреди] Историјат
Градот Токио бил основан во 1603 година. Неговото прво име било Едо. Градот многу брзо се развивал и се повеќе и повеќе се зголемувал бројот на жители. Уште во 18 век градот ја достигнал бројката од 1 милион жители и тогаш бил еден од најголемите градови во светот. Градот брзо се менувал и затоа почнале да го викаат Едокко (што во превод значи дете на Едо). Во 1869 година 17 годишниот император Меиџи го сменил името на градот во Токио. Токио до сега има страдано во две катастрофи. Првата катастрофа била големиот земјотрес кој го разрушил градот во 1923, а за време на Втората светска војна градот бил често бомбардиран. После тоа градот се реновирал и полека го добил денешниот изглед.
[уреди] Економија
Според економијата, Токио е на прво место во светот. Неговата економија е 1.315 трилиони американски долари. Има голем број на банки и осигурителни компании, исто така голем дел од економијата во Токио е од сообраќајот. Најголем подем економијата направила по Втората Светска војна, кога од другите градови многу компании се преселија во Токио. Токио е еден и од најскапите градови на светот за живеење.
[уреди] Демографија
Карактеристично за Токио е тоа што градот дневно се зголемува за 2,5 милиони луѓе бидејќи многу луѓе од други области доаѓаат да работат или сколуваат во Токио.
- Центар на Токио-12,36 милиони жители
- 23 специјални градови- 10.38 милиони жители
- Острови-27000 жители
- Странски државјани во Токио-500.000 жители
- Топ 5 националности кои живеат во Токио: Кинези, Корејци, Филипинци, Американци, Британци.
[уреди] Сестрински градови со Токио
- Пекинг, Кина
- Берлин, Германија
- Каиро, Египет
- Џакарта, Индонезија
- Москва, Русија
- Њујорк, САД
- Париз, Франција
- Рим, Италија
- Сао Пауло, Бразил
- Сеул, Јужна Кореја
- Сиднеј, Австралија
1896: Атина • 1900: Париз • 1904: Сент Луис • 1908: Лондон • 1912: Стокхолм • 1920: Антверпен • 1924: Париз • 1928: Амстердам • 1932: Лос Анџелес • 1936: Берлин • 1948: Лондон • 1952: Хелсинки • 1956: Мелбурн • 1960: Рим • 1964: Токио • 1968: Мексико Сити • 1972: Минхен • 1976: Монтреал • 1980: Москва • 1984: Лос Анџелес • 1988: Сеул • 1992: Барселона • 1996: Атланта • 2000: Сиднеј • 2004: Атина • 2008: Пекинг • 2012: Лондон