Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Клима - Википедија

Клима

Од Википедија, слободна енциклопедија

Климата, која уште се среќава и под името поднебје е повеќегодишен режим на времето над некое место или на делови на Земјината површина. До нејзиното определување се доаѓа врз основа на долгогодишни набљудувања и проучувања на метеоролошките елементи и појави.

Содржина

[уреди] Климатски фактори

Образувањето на климата над некое место зависи од бројни и разновидни фактори, кои со заедничко име се нарекуваат климатски фактори. Меѓу нив најголемо значење имаат сончевата радијација и циркулацијата или смената на воздушните маси. Но, климата многу зависи и од физичко - географските фактори и услови на одредено место или територија:

  • Географската ширина е еден од најважните климатски фактори. Нејзиното влијание е големо врз температурата и влажноста на воздухот. Тоа се должи на различното количество на сончева топлина што ја примаат пределите со различна географска ширина. Најмногу топлина примаат местата во екваторскиот појас, а најмалку во поларните области. Значи, со порастот на географската ширина, температурата на воздухот по правило опаѓа, а со тоа климата станува поладна.
  • Копнените и морските површини имаат различно влијание на климата. Во летната половина од годината, морињата и океаните акумулираат многу повеќе топлина отколку копното. Затоа преку зимата, воздухот над морските површини е потопол, а над копнените постуден. Овие карактеристики се одразуваат и над климата. Во оние предели каде преовладуваат океанските воздушни маси, летото е посвежо, а зимата потопла, а во пределите под влијание на континентални воздушни маси е обратно. Освена тоа, областите кои се поблиску до море примаат поголеми количества на врнежи.
  • Морските струи највеќе влијаат врз температурата на воздухот. Ладните морски струи ги разладуваат крајбрежните области, а топлите ги загреваат.
  • Релјефот влијае на климата преку надморската височина, со правецот на протегање на планинските вериги и широките речни долини, со разместеноста на превоите, отвореноста на низините и со котлинскиот релјеф.
  • Растителниот свет, а особено шумите, имаат доста големо влијание врз климата. Оголеното земјиште во текот на денот побрзо се загрева и побрзо се лади отколку земјиштето што е покриено со вегетација. Затоа растенијата влијаат на смалувањето на дневното и годишното колебање на температурата. Шумите влијаат врз зголемување на испарувањето и на влажноста на воздухот, како и на правецот и брзината на ветровите. Во шумските предели паѓаат поголеми количества врнежи.
  • Човекот влијае на климата со своите активности: непланското сечење на шумите, загадувањето на воздухот итн.

[уреди] Видови на клима

Климатските зони се поголеми области на Земјата кои имаат еднакви услови, различни од оние во соседните области. За да се класифицираат климите се земаат во предвид најразлични фактори, а воглавно температурата (според која постојат топли, умерени, студени и поларни клими) и количеството на врнежите (според кое постојат суви или влажни клими). Но, во овие основни групи се прават додатни подкласификации.

[уреди] Екваторијална дождлива клима

Оваа клима создава појас од двете страни на екваторот, меѓу 10o северна географска широчина и 5o јужна географска широчина. Се одликува со речиси иста должина на денот во текот на целата година, така што не може да се разликуваат годишни времиња. Средната температура изнесува 25oC, иако може да има и разлики од 15 степени меѓу денот и ноќта. Воздухот има висока содржина на влага поради постојаните и обилни дождови кои врнат во текот на целата година, со просек од околу 2000 mm. Типична вегетација е дождовната џунгла, како онаа во Амазонија и Екваторијална Африка.

[уреди] Тропска клима

Создава два појаси, од двете страни на екваторот, меѓу 10 и 20o С.Г.Ш. и 5 и 10o Ј.Г.Ш. Кај деновите има мали варијации во текот на годината, а и обилноста на дождовите се намалува како што се оди подалеку од екваторот, додека просечната температура е околу 23oC. Сето ова придонесува да има едно суво и друго повлажно годишно време. Вегетацијата е како во саваните, со повеќе или помалку дрвја.

[уреди] Полусува клима

Степа во западен Казахстан во рана пролет. Степите се одликуваат со полусува клима
Зголеми
Степа во западен Казахстан во рана пролет. Степите се одликуваат со полусува клима

Овој вид на клима постои како во умерените, така и во тропските области и во зоните каде има малку дождови (околу 200 mm годишно). Температурите можат да бидат ниски или високи, но секогаш има големи дневни осцилации (топли денови и студени ноќи) и годишни, во случај на ниските. Вегетацијата во овие области е тревна или грмушеста.

[уреди] Континентална сува клима

Оваа клима владее во пустините, каде дождовите се скудни и врнат на неколку години. Температурите се високи дење, зошто отсуството на вегетација прави почвата да се лади или загрева брзо. Овие пустини можат да бидат жешки, како Сахара, или студени како во Централна Азија. И покрај ова, повеќето од нив имаат мали зони со вегетација наречени оази. Најсува пустина во светот е Атакама во Чиле.

[уреди] Медитеранска клима

Распространетост на медитеранската клима
Зголеми
Распространетост на медитеранската клима

Оваа клима е типична за областите околу Средоземното Море, но е застапена и на крајниот југ на Африка, во централно Чиле и во Калифорнија. Се одликува со тоа што дождовите најмногу врнат во есен и зима, а пролетта, и особено летото се многу сушни. Врнежите изнесуваат меѓу 400 и 700 mm годишно, зимите се топли, а летата жешки. Карактеристична вегетација се грмушките и дрвја со секогаш зелени лисја. Постојат варијации на овој вид на клима, па така таа е посвежа и повлажна на северниот брег на Медитеранот, отколку на јужниот, кој е подложен на директно влијание на Сахара. Подалеку од брегот, оваа клима добива континентални обележја и станува постудена.

[уреди] Пампаска клима

Слична е на медитеранската, но со малку повисоки средни температури и помала разлика меѓу одделните годишни времиња. Врнежите се присутни низ целата година, но со помал интензитет во текот на летото, а просечните вредности им осцилираат меѓу 600 и 800 mm годишно. Оваа клима се јавува само во јужната хемисфера и нејзиното име потекнува од најкарактеристичното место во Аргентина - Пампас, иако ја има и во некои делови на Австралија и на југот на Африка. Вегетацијата е треви, а дрвјата се ретки.

[уреди] Океанска клима

Основна одлика на оваа клима е големото влијание што го имаат западните ветрови врз областите кај кои се јавува. Топлинските осцилации (и дневни и годишни) се многу мали, при што зимите се топли, а летата свежи. Врнежите се движат од 600 до 700 mm годишно, иако во планинските делови овие вредности се искачуваат и до 2000 mm. Ваква клима има во западните крајбрежни области на Европа, каде Голфската струја ги намалува ефектите на широчината, потоа Северна Америка, Чиле, Тасманија и Нов Зеланд.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com