Торонто
Од Википедија, слободна енциклопедија
Торонто (официјално, Градот на Торонто) е најголемиот град на Канада и е главен град на Онтарио. Градот се наоѓа на северно-западниот брег на езерото Онтарио. Во Торонто живеаат 2.622.230 жители[1] што го прави градот петти по големина во Северна Америка после Мексико Сити, Њу Јорк, Лос Анџелес, и Чикаго.
Торонто е главен економски центар на Канада и светски град. Градот е особено развиен во областите на финансии, телекомуникации, транспорт, издавање, забава, развој на софтвер и медицинско истражување. Градот е дом на познатата КН Кула и многу национални и транснационални компании. Торонто е космополитски град и привлекува многу имигранти кои сочинуваат мозаик на култури и етнички групи од насекаде низ светот. Градот има ниска стапка на криминал, чиста средина за живеење и генерално гледано висок стандард за живеење. Според Известувачка Агенција на Економист, градот е еден од најдобрите градови за живеење во светот.[2]
Торонто е срцето на областа Торонто, една од урбаните области со највисок раст во Северна Америка. Торонто е исто дел од Златната Потковица - густо населен регион во југоцентрален Онтарио каде живеаат осум милиони луѓе, или отприлика една четвртина од целокупното население на Канада.
[уреди] Извори
- ↑ (2006). „Табела 9,1“. Министерство за Финансии на Онтарио. [Страната е посетена на 14 септември, 2006].
- ↑ (2005). „Ванкувер е „најдобар град за живеење““. CNN. [Страната е посетена на 25 мај, 2006].