Серен Кјеркегор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сeрен Аабје Кјеркегор (IPA: ˈsøːr ̩n ˈkɪʁgəgɔːʔʁ) (5 мај 1813 – 11 ноември 1855), е дански философ од 19-от век има обично се смета за првиот егзистенцијалист меѓу философите, иако нови истражувања покажуваат дека ова признание не е сосема точно. Философски, Кјеркегор ги поврзува хегеловата философија и подоцнежниот егзистенцијализам. Кјеркегор силно ги отфрла и Хегел и она што тој го смета за празни формалност во данската црква. Многу од неговите дела се расправаат со религиозни проблеми како што природа на верата, институцијата на христијанската црква, и христијанските етика и теологија. Заради ова, делото на Кјеркегор некогаш се класифицира како христијански егзистенцијализам (спротивно на егзистенцијализмот на Жан Пол Сартр или прото-егзистенцијализмот на Фридрих Ниче, двата изградени врз изразено атеистичка основа). Делото на Кјеркегор е често нејасно за интерпретација, заради тоа што голем дел од неговото рано творештво излегува под разни псевдоними и често овие псевдо-автори коментираат на делата на раните псевдо-автори.