Самјуел Бекет
Од Википедија, слободна енциклопедија
Самјуел Барклеј Бекет (13 април 1906 – 22 декември 1989) е ирски драматург, романсиер и поет. Делото на Бекет е остро, фундаментално минималистичко и длабоко песимистичко во однос на човечката природа и човечката ситуација. Неговото подоцнежно дело ги истражува неговите теми во се понејасен и поизразен стил. Бекет е награден со Нобелова награда за литература во 1969.
Негово најпознато дело е „Чекајќи го Годо“ (1952).