Корисник:Sikavica
Од Википедија, слободна енциклопедија
Не знам што би требало да напишам на оваа страна. Најголемиот број на корисници ја користа да напишат нешто за себе. Јас тоа нема да го направам (барем не директно), од проста причина што мразам да се пишуваат лични податоци по интернетов.
На википедијава сум за да пишувам (препишувам, менувам) статии за светските писатели и најверојатно ќе се задржам на таа област. Се заложувам кога нешто ќе биде поставено тоа да биде од корист за некој потенцијален читач. Значи кога внесувам некое вики гледам да допрената тема да биде што подобро опишана. Ова е некој вид на симболичка препорака до сите „автори“ на македонската википедија. Се извинувам кога почувам да пишувам нешто и ќе го оставам „на пола“, без креирање на внатрешни линкови и слично. Обично при вакво однесување се поправам со враќање на статијата по неколку дена и нејзино условно завршување.
Не можам да издржам а да не ги пофалам администраторите. Мислам дека стварно даваат се од себе за да направат нешто за википедијата, а и за самата македонска култура. Се надевам дека ќе се потрудиме максимално да им помгнеме и да ја обликуваме оваа енциклопедија онака како што му доликува на овој народ.