Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Крушево - Википедија

Крушево

Од Википедија, слободна енциклопедија

Крушево е град во Западна Македонија. Тој е градот на некогашната Крушевска република. Над градот се наоѓа познатиот споменик Македониум. Во опширниот пописен дефтер Н0 4 од 1467/68 година, објавен од Архивот на Македонија, се наоѓа најстариот помен за Крушево, кога нему, како мезра, му било дадено на спахијата Хусеин-бег, заедно со Прилеп и со други 31 село. Сепак, градот го добил неговата денешна форма со доаѓањето на Власите од Москополе и Мијаците од околината, во текот на 18-тиот век. Заедно со Власите во Крушево дошле и поголем број православни Албанци, кои во текот на историјата се повлашиле. Во градот, покрај македонскиот, официјални се и влашкиот јазик (согласно новата одлука на Советот на Град Крушево од 30.05.2006 година) и албанскиот јазик.

Поради специфичната морфопластика, Крушево се смета за типично планинско гратче, кое има просечна надморска височина од 1250 метри, па затоа се смета за највисокото гратче на Балканскиот Полуостров.

Содржина

[уреди] Население

Во Крушево живеат 5330 жители од кои:

  • Македонци 4273 (80,17%)
  • Власи 1020 (19,14%)
  • Срби 26
  • Останати 11

[уреди] Културата на Крушево

За културната историја на Крушево, од неговото создавање до шеесеттите години на 19 век, нема многу изворни податоци, барем засега.

Но, во првата половина од осумнаесеттиот век, според еден документ, во Крушево почнува еден процес на значително заживување на културен план. Кон крајот на 18-ти и во почетокот на 19-ти век, под насилствата на Турците во Јужна Албанија и арнаутските зулуми во Западна Македонија, настапува миграција на христијанскиот свет во Крушево, Битола и населбите во нивната околина. Се населуваат семејства на Власи од околината на Корча (градовите Москополе, Никулица, Шиписка, Грабова во првите налет, а подоцна и од планината Грамос и Пинд) и на Мијаци од селата на Мала Река. Меѓу населениците спаѓаат трговци, занаетчии, градители, зографи итн. Со време Крушево економски зајакнува, развива трговски врски со поразвиените центри на Балканскиот Полуостров и Средна Европа. Се создаваат услови за организирање урбан живот, засилена градежна и уметничка дејност.

Крушевските градители, зографи и резбари стануваат познати имиња и во други краишта на Македонија, како и во соседните земји. Меѓу најстарите сакрални објекти, што биле изградени во Крушево, се смета црквата “Свети Никола” (1832), опожарена за време на Илинденското востание од 1903 година. Оваа главна црква е позната по прочуениот иконостас, работен од тајфата на Петре Филипович - Гарката, родум од с. Гари и неговиот помошник и зет Димитар Станишев, роден во Крушево. Двајцата резбари работат заедно скоро три децении.

По смртта на Петре Филипович - Гарката во Крушево (1854), Димитар Станишев формира своја тајфа, работејќи во Македонија, Бугарија и Србија. Умира на шеесетгодишна возраст (1866) во Крушево, а неговото дело го продолжува неговиот брат Антон Станишев.

Во непосредна околина на Крушево, на месноста Трстеник е подигната манастирската црква “Свети Спас”. Според една зачувана плоча, тоа станало за време на игуменот Глигорије во 1836 година. Во самиот град се подигнати три цркви. Тие се дело на домашни мајстори со прилично големи димензии. Црквата “Успение на света Богородица”, во Мијачката Маала, е од 1867 година, како и црквата “Света Троица”.

Во центарот на градот Крушево, во 1904/1905 година, е обновена од основа старата црква “Свети Никола” (1832 г.), но во знатно помали димензии. Само многу мал дел од опожарената црква “Свети Никола” денеска има во музејот на Илинденското востание и Крушевската Република и е зачуван цифеблатот (бројникот) на тогашната црква, чии камбани, како што се сеќаваа старите крушевчани, при опожарувањето и паѓањето се чуле, наводно до Прилеп.

И зографството било во подем во тие години. Според изборни податоци, зачувани пред сè на иконите во црквите, се спомнуваат имињата на повеќемина зографи, дојденци, или на оние од Крушево. Меѓу нив имаме истакнати личности со реноме на извонредни мајстори, чие сликарско дело оставиле трајни уметнички белези во средината каде што создавале. Таков пример се две зографски семејства - Зиси и Атанасови. Посебно Михаил и неговите синови Димитри и Никола (Лаќа).

Зографот Димитрие на едно место хроничарот забележал “..искусен во својот занает што во турска земја не може да биде друг…”.

Во областа на копаничарството, фрескосликарството и на традиционалното градителство, со специфичната крушевска куќа, има плејада поединци и дваесетина тајфи што крстареле и твореле не само на овие простори, но и подалеку по Балканот. Од архитектурата Крушево особено го трогнало познатиот француски архитект Ле Корбизје.

Радува податокот дека во оваа област како да се наѕираат и следбеници на истакнатите културни дејци од овој крај. Покрај неколкуте музеи, споменици, спомен-одбележја од подалечното минато, посебно од Илинденскиот период и навака, како: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република (отворен 1953 г.), Галеријата на основоположникот на современата македонска ликовна уметност, крушевчанецот Никола Мартиноски (1968 год.); Споменикот на националноослободителната борба и Илинденското востание (1974 г.), Споменикот на Мечкин Камен на авторот Димо Тодоровски (1983 г.), Музејот на НОВ (1989 г.). Покрај овие, тука може да се вбројат: споменикот на Никола Карев, на Питу Гули, бистата на Веле Марков, споменикот на боиштето на Слива, а сега е во тек изградбата, односно реконструкцијата и адаптацијата на Леарницата за куршуми за Потребите на востаниците. Со ова Крушево ќе добие и уште музеј.

Ликовното и копаничарското дело го продолжуваат сликарите аматери: Перо Начески (професор во пензија), кој ги слика старите куќи од 19-ти век, кои забот на времето постепено ги подјадува, даровитите природни убавини, што го опкружуваат Крушево, се наоѓаат на платната на сликарот аматер-примариус д-р Матеја Хаџи (Хаѕи) Лега (сега во пензија), чие творештво е инспирирано од неговото Крушево, како и од мотивите на струшкото крајбрежје, а копаничарот Ѓоре Ќискоски кој чекори по даровитоста на Петре Филипович- Гарката, моментално работи на ликот на поглаварот на Македонската православна црква- Неговото блаженство Г.Г. Михаил, кому наскоро ќе му биде предаден овој копаничарски портрет на скопската митрополија. Во исто време добар творец е и Велко Петковски-Шулц. Сите овие, а има интерес и кај помладите, ќе ги надополнуваат и збогатуваат културните содржини на Крушево, а во скорешна иднина, па и сега може да се потврди дека овој град, бележит град по многу нешта и специфичности, го носи името Град Музеј.



[уреди] Познати личности од Крушево

[уреди] Надворешни врски


Градови во Македонија
Берово | Битола | Богданци | Валандово | Велес | Виница | Гевгелија | Гостивар | Дебар | Делчево | Демир Капија | Демир Хисар | Кавадарци | Кичево | Кочани | Кратово | Крива Паланка | Крушево | Куманово | Македонски Брод | Македонска Каменица | Неготино | Охрид | Пехчево | Прилеп | Пробиштип | Радовиш | Ресен | Скопје | Струга | Струмица | Свети Николе | Тетово | Штип
Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com