Каран
Од Википедија, слободна енциклопедија
Каран (808-778 п.н.е) е првиот крал на Античка Македонија. Потекнува од семејството на Теменидите од Арг. За него постојат повеќе преданија. Го основал своето крaлство Ајга (денешна Вергина). Се вели, за него немало место да владее во пелопонескиот Арг, каде тогаш власта ја држел неговиот брат Фејдон и Каран на молба од кнезот на Орестида, денес Костурско, оди да му помогне во борбите против соседот, кнезот на Еордаја, Островско, Кисеј. Го разбил Кисеја и во освоената територија основал свој град. Според Хигин, Кисеј бил тој што го поканил Карана да му помогне против соседите, ветувајќи му ја својата ќерка и своето кнежество. Но навреме предупреден од еден Кисеев роб за стапицата која му ја подготвувал, Каран го убива овој кнез. По победата над Кисеј, Каран издигнал трофеј, но еден лав се спуштил од Олимп и го соборил столбот. Оттогаш македонските кралеви не издигнуваат трофеи по победите. Според преданието на Јустин, Каран откога собрал војска и дошол во Македонија, врвејќи зад едно стадо кози, со помош на дождот и маглата успеал незабележано да влезе во еден град. Изгледа откако го завземал градот, тој се сетил на претскажувањето и тука го поставил својот престол. Градот го нарекол Ајга. Одтогаш во сите војнички походи, пред единиците, настапувале кози, а Каран откако ги изгонил непријателските кнезови, ги обединил племињата и го основал македонското кралство. Според второто предание, Аполон му претскажал на Каран дека една коза ќе му го посочи местото каде да го основа градот од каде ќе владее. Тој дошол во Македонија и откако претскажувањето се остварило, градот што го основал го нарекол според козата Ајга.
Кралеви на Античка Македонија | |
---|---|
Кралскиот род •Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Архелај II • Аминта II • Павсаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Птоломеј I • Пердика III • Аминта IV • Филип II Македонски • Александар III Македонски • Антипатар • Филип III Аридеј • Александар IV • Пердика • Антипатар • Полиперхон • Касандар • Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Депетриј I Полиоркет • Лизимах • Пир Епирски • Птоломеј II Керан • Мелегер • Антипатар II Етезиј • Состен • Антигон II Гонат • Деметриј II Етолик • Антигон III Досон • Филип V • Персеј |