Александар II
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар II Македонски бил крал на Античка Македонија од 370 до 368 п.н.е, по смртта на неговиот татко Аминта II. Тој бил најстар од неговите три сина. Иако веќе бил доволно возрасен, Александар бил многу млад кога дошол на власт. Ова било многу проблематично за него бидејќи неговите непријатели продолжиле да војуваат со Македонија. Александар едновремено бил соочен со илирска инвазија од северозапад и напад од истокот од страна на претендентот Павсаниј. Павсаниј набргу зазел неколку града и се заканил на кралицата-мајка, која била во палатата во Пела со нејзините млади синови. Александар ги победил непријателите со помошта на атинскиот генерал Ификрат, кој пловел по македонскиот брег за да го освои Амфиполис. На барање на Алевдај, Александар интервенирал во граѓанската војна во Тесалија. Потоа успешно зазел контрола врз Лариса и неколку други градови но, изневерувајќи го ветувањето кое го дал, ставил гарнизони. Ова ја испровоцирало Теба која била водечката бојна сила во Стара Грција во тоа време. Тебанскиот генерал Пелопид ги истерал македонците од Тесалија. Потоа го неутрализирал Александар со тоа што ги заштитувал амбициите на Александровиот зет Птоломеј од Алорос, и го натерал Александар да го напушти неговиот сојуз со Атина и да се сојузи со Теба. Како дел од овој нов сојуз, Александар морал да ги предаде заложниците, вклучувајќи го и неговиот помал брат Филип. За време на еден фестивал врз Александар бил извршен атентат по наредба на Птоломеј. Иако братот на Александар Пердика III станал крал, тој бил под старосната граница, и Птоломеј бил поставен за регент.
Кралеви на Античка Македонија | |
---|---|
Кралскиот род •Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Архелај II • Аминта II • Павсаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Птоломеј I • Пердика III • Аминта IV • Филип II Македонски • Александар III Македонски • Антипатар • Филип III Аридеј • Александар IV • Пердика • Антипатар • Полиперхон • Касандар • Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Депетриј I Полиоркет • Лизимах • Пир Епирски • Птоломеј II Керан • Мелегер • Антипатар II Етезиј • Состен • Антигон II Гонат • Деметриј II Етолик • Антигон III Досон • Филип V • Персеј |