Филип III Аридеј
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филип III Аридеј (ц. 359 п.н.е - 25 декември, 317 п.н.е) бил крал на Античка Македонија (10 јуни, 323 п.н.е - 25 декември, 317 п.н.е) и незаконски син на Филип II Македонски од Филина од Лариса, тесалиска танчерка, и полубрат на Александар Македонски. Првобитно името му било Аридеј, а потоа се нарекол Филип кога дошол на власт. По Плутарх тој станал умствено немоќен и епилептичен по обидот на Олимпија да го отруе, сакајќи да го елеминира секој потенцијален соперник на Александар.
Заради неговата нелегитимност, Аридеј всушност никогаш не бил опасност за Александровото наследување на Филип II, иако биле на иста возраст; сеедно, кога сатрапот на Карија Пиксодар ја предложил ќерка си за брак со Филип, кој го понудил Аридеј за маж, Александар сметал дека е мудро да ја блокира операцијата и покрај значителните приговори од страна на Филип (337 п.н.е). За време на тринаесетте години во кој Алексадар владеел (336 п.н.е–323 п.н.е).
Кога Алаксандар умрел Аридеј бил во Вавилон на 11 јуни 323 п.н.е. Тука експлодирала криза за наследството: Аридеј бил најочигледниот кандидат, но тој бил ментално несоодветен за таа задача,а покрај тоа и бил незаконски син на Филип II. Конфликт експолдирал меѓу Пердика, водач на придружната коњаница и Мелеагер, кој бил коамндант на фалангата: првиот сакал да види дали Роксана, трудната жена на александар, ќе роди машко дете, додека вториот велел дека Аридеј е најблискиот жив роднина и затоа треба да биде крал. Дури и во случај Мелеагер да бил убиен, бил смислен компромис: Аридеј ќе станечл крал под име Филип и ќе им се придружи на Роксана и синот ако биде машко. Така и направил и мус е придружил на вујко си под име Александар. Веднаш било решено дека Аридеј треба да кралува, но не и да владее: ова бил прерогатив на новиот регент Пердика.
Кога вестите за изборот на Аридеј стигнале во Македонија, Кијана, ќерката на Филип II, смислила план да премине во азија и да му ја понуди својата ќерка Евридика III на кралот. Овој потег бил очигледна навреда врз регентот, кого Кијана тотално го заобиколила: за да го спречи ова Пердика го пратил својот брат Алкета да ја убие Кијана, но заради реакциите на војската ова не се случило и регентот морал да го прифати бракот. Одтогаш Филип Аридеј бил под влијание на неговата жена која упорно се обидувала да ја докаже моќта на мажот си.
Евридика добила можност за време на првата војна на дијадоките и така му ја запечатила судбината на Пердика, со тоа што направиле нов договор (Договор на Трипардис) во Сирија во 320 п.н.е. Евридика успеала да ги отстрани првите два планирани регенти, Пејтон и Аридеј, но неможела да го запре премногу моќниот Антипатар: тој станал новиот регент, а Филип Аридеј и Евридика морале да го следат во Македонија.
Регентот умрел од природна смрт следната година, не назначувајќи го за наследник својот син Касандар, туку неговиот пријател Полиперхон. Касандар одбил да ја почитува волјата на татка си и ова ја предизвикало врората дијадошка војна, во која Евридика повторно увидела шанса да го ослободи Филип од контролата на регентот. Шансата дошла во 317 п.н.е кога Касандар го прогонил Полиперхон од Македонија: Евридика веднаш се сојузила со него и го натерала да го номинира нејзиниот маж за новиот регент, со тоа што Касандар би ѝ оставил полна власт во Македонија кога тој е во поход во Грција. Тогаш Евмен бил назначен како новиот командант на македонските сили во Азија и на овој начин оттргнувајчи го најсилниот сојузник на Полиперхон, Антигон Монофталм.
Но сето ова се покажало како испарливо: истата година (317) Полиперхон и Олимпија, во сојуз со кралот на Епир Еакид, извршил инвазија на Македонија, додека македонските единици одбиле да се борат против синот на Александар, кого напаѓачите го повеле со себе. Филип и Евридика немале друг избор освен да избегаат, но биле фатени во Амфиполис и фрлени в затвор. наскоро станало јасно дека Филип бил преногу опасен за да живе, бидејќи многу непријатели на Олимпија го гледале како корисна алатка против неа, и на 25 декември 317 п.н.е таа наредила Филип да се погуби, додека неговата жена, Евридика била присилена да изврши самоубиство.
Следната година, кога Касандар ја освоил Македонија и се осветил за ФИлиповата смрт, ги преместил телата на Филип и Евридика со кралска помпа во Егеј и прославил погребни игри во нивна чест.
Во 1977 најдена е гробницата на Филип III Аридеј близу Вергина.
[уреди] Извори
- Smith, William (editor); Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, "Arrhidaeus (1)", "Eurydice (3)", Boston, (1867)
[уреди] Надворешни врски
- Livius.org: Arridaeus од Jona Lendering
- во Вики класичнен речник: Arrhidaeus
- Страна за монетите за време на неговото владеење
- Археолошки извештај за неговата гробница и останки.
Кралеви на Античка Македонија | |
---|---|
Кралскиот род •Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Архелај II • Аминта II • Павсаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Птоломеј I • Пердика III • Аминта IV • Филип II Македонски • Александар III Македонски • Антипатар • Филип III Аридеј • Александар IV • Пердика • Антипатар • Полиперхон • Касандар • Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Депетриј I Полиоркет • Лизимах • Пир Епирски • Птоломеј II Керан • Мелегер • Антипатар II Етезиј • Состен • Антигон II Гонат • Деметриј II Етолик • Антигон III Досон • Филип V • Персеј |