Ebooks, Audobooks and Classical Music from Liber Liber
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z





Web - Amazon

We provide Linux to the World


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Букурешки мировен договор - Википедија

Букурешки мировен договор

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
ВНИМАНИЕ
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.

Со букурешкиот мировен договор кој бил отпишан на 10 август 1913 година, Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 квадратни километри го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 квадратни километри, го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 квадратни километри и бил даден на Бугарија и Албанија добила 1.115 квадратни километри во западниот дел.

На 9 август 1913 година, Букурешката конференција на својата пленарна седница го усвоила текстот на договорот за мир, во кој била извршена конечна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Србија ги добила вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и дел од Санџак. Со тоа била зголемена за 39.000 квадратни километри и 1.290.000 жители. Црна Гора ја добила територијата Васоевиќи, дел од Метохија и дел од Санџак. Таа се зголемила за 7.000 километри квадратни и за околу 260.000 жители.

Грција ги добила Северен Епир, егејскиот дел на Македонија, дел од западна Тракија, Халкидичкиот Полуостров со Солун и бројни острови во Егејското Море. Со тоа се зголемила за 51.300 километри квадратни и за 1.624.000 жители. Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со околијата и дел од западна и источна Тракија. Таа се зголемила за 21.000 квадратни километри и со околу 600.000 жители. Излез на Егејското Море Бугарија добила од сливот на Места до сливот на Марица со пристаништето Дедеагач. Романија ја добила јужна Добруџа и се зголемила за 800 километри квадратни со 303.000 жители.

[уреди] Граници по Букурешкиот договор

Територијата на Македонија до Балканските војни го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 квадратни километри.

Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:

Новата бугарско-српска граница започнувала од врвот на Патарица и одела по линијата на старата бугарско-турска граница до Диздарица, потоа одела по вододелницата меѓу Вардар и Струма минувајќи преку Луловиот Врв, кота 1297, Обел, Пољазни, кота 1458, кота 1495, кота 1415, Понорица, Кадиица, кота 1900, кота 1453, Чингино Кале, сртот Клепало, кота 1530, сртот на Малеш Планина (1445), тука свртува на запад кон котите 1515 и 1300, поминува преку сртот Драгнев-даг, Кади Мезар Тепе, Кале Тепе, ја поминува Новичанската Река јужно од село Рајанци, поминува меѓу селата Ословци и Сушево, па преку реката Струмешница меѓу Радичево и Владевци и се качува кон котата 850, а потоа по вододелницата на Вардар и Струма преку котите 957, 571, 750, 895, 850 по сртот на Беласица се спојува со бугарско-грчката граница.

Бугарско-грчката граница започнувала на сртот на Беласица од српско-бугарската граница и минувала северно од Јуруклери, па преку Струма оди на исток на Сенгани Калеси (1500). Оттаму излегува на сртот Али Ботуш (кота 1650) и по вододелницата по котите 1820, 1800, 713 и Страгач. Тука свртува кон североисток и пак по вододелницата меѓу котите 715, 660, кон котите 1150 и 1152, оттука по сртот оди источно од село Ракистен, ја преминува Места и оди кон врвот Руса и Железа, го сече Сеспат и излегува на Чука.

Одовде повторно по вододелницата и преку Сибково, Кадирќој (1750), Авлик-даг (1518) Каин Чал (1811), Дебиклија (1587), слегува на југ кон котата 985 и свртува на исток јужно од селото Карово, оттука пак на исток минува северно од селото Кајбово и се качува на север кон котите 1450, 1538, 1350 и 1845. Потоа слегува на југ преку Чигла (1750) и Кушлар и оди по вододелницата Места и Јаси Еврено-дере, излегува на Аклат-даг (1300), а потоа кон Окчилар, па оттука по реката Места до Егејското Море.

Во согласност со Букурешкиот мировен договор, границите меѓу Србија и Грција во Македонија биле утврдени во Белград на 16 август 1913 година. Граничната линија почнувала од котата 1494 на сртот Беласица, па одела кон котите 394 и 208, потоа минувала преку Дојранското Езеро, во правецот на котата 227, а оттаму кон Мачуково, потоа ја минувала реката Вардар и одела северно од Сеово преку котите 241, 560 по возвишението Тушет Балкани, преку котите 858, 774, 1149, 1929, 2058, 2050, 1673, 1766, 1656 по висот Блатец преку котите 1431, 1201, 1375, 1550, 1058, 1440, 1660, 1700 (по планината Ниџе) преку котата 2525 (Кајмакчалан) на котата 1944, оттука одела на запад по висот Старков Гроб, потоа јужно од селото Кремјан и натаму меѓу Кенали и Негочани минувала преку Рахово и Драгош, потоа преку котите 1980, 2094, 2000 па јужно од селото Долно Дупени минувала преку Преспанското Езеро оставајќи ѝ го на Србија островчето Голем Град и излегувала јужно од селото Коњско. Оттука одела по возвишението на Вакуфица преку котата 947, Мал Шат, (кота 1537) па кон врвот Горица. Оттаму одела кон селото Бач, Пешкопеја, па преку котата 1100 до албанската граница.

[уреди] ОД ЦЕНТАР ПЕРИФЕРИЈА НА БАЛКАНОТ

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинцијана Балканските земји. Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони грци и Албанци.Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе. Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913 година, Австро-Унгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со такво барање останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротиставувала Франција. Букурешкиот мировен договор представува единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против нивните интереси.Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањеата на македонскиот народ, кој од повеке асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирал да се зачува идентитетот на Македонскиот народ и единството и целината на Македонската територија.На 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрие Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпошале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи во Велика Британија, Едвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон.Со меморандумот Димитриј Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија.Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност и за Македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја речат завојуваните Балкански држави. Наведениве факти недвосмислено доказуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија. Во периодот од неполни 2 години, колку што траеле Балканските војни, официјално биле изшени 3 поделби на Македонија. Првата поделба била извршена со Српско-Бугарската спогодба од 13 март во 1912 година по линијата Деве Баир и Охрид, втората настанала по завршувањето на Првата Балканска војна, во која границите се поклопувале со достигнатата линија на фронтот и третата поделба е извршена во Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година, кога биле дефинитивно одредени границите меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија на територијата на Македонија. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето. Со таа поделба, Македонскиот народ ја доживеал најголемата измама и ја загубил довербата со своите соседи, што имало негативни последици не само во Првата и во Втората светска војна, туку за подолго време. На тој начин раскинувањето на Македонското национално ткиво започнала со поделбите во Внатрешната Македонска Организација, по тоа почнале да не дела соседите и на крајот сето тоа го санкционирале големите сили.

Our "Network":

Project Gutenberg
https://gutenberg.classicistranieri.com

Encyclopaedia Britannica 1911
https://encyclopaediabritannica.classicistranieri.com

Librivox Audiobooks
https://librivox.classicistranieri.com

Linux Distributions
https://old.classicistranieri.com

Magnatune (MP3 Music)
https://magnatune.classicistranieri.com

Static Wikipedia (June 2008)
https://wikipedia.classicistranieri.com

Static Wikipedia (March 2008)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com/mar2008/

Static Wikipedia (2007)
https://wikipedia2007.classicistranieri.com

Static Wikipedia (2006)
https://wikipedia2006.classicistranieri.com

Liber Liber
https://liberliber.classicistranieri.com

ZIM Files for Kiwix
https://zim.classicistranieri.com


Other Websites:

Bach - Goldberg Variations
https://www.goldbergvariations.org

Lazarillo de Tormes
https://www.lazarillodetormes.org

Madame Bovary
https://www.madamebovary.org

Il Fu Mattia Pascal
https://www.mattiapascal.it

The Voice in the Desert
https://www.thevoiceinthedesert.org

Confessione d'un amore fascista
https://www.amorefascista.it

Malinverno
https://www.malinverno.org

Debito formativo
https://www.debitoformativo.it

Adina Spire
https://www.adinaspire.com