Јус
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кирилични букви Јус | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Кирилица | ||||||
А | Б | В | Г | Ґ | Ѓ | Д |
Ђ | Е | Ё | Є | Ж | З | Ѕ |
И | І | Ї | Й | Ј | К | Ќ |
Л | Љ | М | Н | Њ | О | П |
Р | С | Т | Ћ | У | Ў | Ф |
Х | Ц | Ч | Џ | Ш | Щ | Ъ |
Ы | Ь | Э | Ю | Я | ||
Старословенски букви | ||||||
Ҁ | Ѹ | Ѡ | Ѿ | Ѻ | Ѣ | ІА |
Ѥ | Ѧ | Ѫ | Ѩ | Ѭ | Ѯ | Ѱ |
Ѳ | Ѵ | Ѷ | ||||
Несловенски букви | ||||||
Ӑ | Ә | Ӕ | Ҕ | Ӗ | Ғ | Ӏ |
Ӂ | Җ | Ӝ | Ҙ | Ӟ | Ӡ | Ӣ |
Ӥ | Ҡ | Қ | Ҟ | Ҝ | Ң | Ҥ |
Ө | Ӧ | Ҧ | Ҫ | Ҷ | Ҹ | Ӵ |
Ҽ | Ҿ | Ҩ | Ҳ | Һ | Ҭ | Ҵ |
Ӳ | Ӯ | Ү | Ұ | Ӱ |
Јус мало, стсл. юсъ малъіи, (Ѧ, ѧ) и Јус големо , стсл. юсъ большии, (Ѫ, ѫ), се букви кои означуваат две општословенски носни или назални самогласки, во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Секоја од нив се наоѓа и во јотувана форма (Ѩ, ѩ, Ѭ, ѭ), како лигатура со буквата I.
Фонетски, Јус мало означува [ɛ̃] по ИФА, а Јус големо [ɔ̃] по ИФА.
Имињата на буквите не се поврзани со капитализација: двете букви постојат и во големи и во мали варијанти.
Сите современи словенски јазици кои користат кирилица ја имаат изгубено оваа буква, со тоа што кај секој од нив Јус станала непотребна буква.
Јус големо била составен дел од бугарската азбука сѐ до 1945. Меѓутоа, дотогаш задната назала исчезнала од јазикот. Како резултат на тоа, постоеле несоодветности помеѓу буквата и фактичкиот јазик и луѓето морале напамет да учат каде да ја ставаат буквата без некоја логика. Постојат некои македонски и бугарски дијалекти околу Лерин и Костур (денешна северна Грција) кои сеуште имаат назален изговор: КъНде греНдеш, мило чеНдо?
Во Русија, Јус мало било преземено за да ја означува јотизираната буква я на средината или на крајот од зборот; современата буква ја я е адаптација на оваа курзивна форма од седумнаесетиот век променета со типографската реформа од 1708.
Во полскиот јазик, кој користи латиница, буквата Ę, ę ја има фонетската вредност на Јус мало, додека буквата Ą, ą на Јус големо. Јотизираните форми пак, на полски се пишуваат со ię, ią. Меѓутоа, фонемите ę и ą не водат историско потекло од оние кои Јус мало и големо ги означувало, но се создадени потоа на полско тло.