Копа (кирилица)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кирилична буква Копа или Стигма |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Кирилица | ||||||
А | Б | В | Г | Ґ | Ѓ | Д |
Ђ | Е | Ё | Є | Ж | З | Ѕ |
И | І | Ї | Й | Ј | К | Ќ |
Л | Љ | М | Н | Њ | О | П |
Р | С | Т | Ћ | У | Ў | Ф |
Х | Ц | Ч | Џ | Ш | Щ | Ъ |
Ы | Ь | Э | Ю | Я | ||
Старословенски букви | ||||||
Ҁ | Ѹ | Ѡ | Ѿ | Ѻ | Ѣ | ІА |
Ѥ | Ѧ | Ѫ | Ѩ | Ѭ | Ѯ | Ѱ |
Ѳ | Ѵ | Ѷ | ||||
Несловенски букви | ||||||
Ӑ | Ә | Ӕ | Ҕ | Ӗ | Ғ | Ӏ |
Ӂ | Җ | Ӝ | Ҙ | Ӟ | Ӡ | Ӣ |
Ӥ | Ҡ | Қ | Ҟ | Ҝ | Ң | Ҥ |
Ө | Ӧ | Ҧ | Ҫ | Ҷ | Ҹ | Ӵ |
Ҽ | Ҿ | Ҩ | Ҳ | Һ | Ҭ | Ҵ |
Ӳ | Ӯ | Ү | Ұ | Ӱ |
Копа (Ҁ, ҁ) била буква од старословенското писмо која била дериват од грчката буква Копа. Денес не се користи во ниту едно кирилично писмо. Во рамките на старословенскиот јазик се користела главно за транслитерација на истоимената грчка буква.
Во словенските јазици оваа буква немала никаква звучна вредност, туку се користела исклучиво како бројка за нумеричката вредност 90, но за таа намена набргу била заменета со буквата Ч, која изгледала слично и дотогаш немала нумеричка вредност. Изолирани примери за употреба на Ч како бројка наоѓаме во источни и јажни словенски текстови веќе од XI век, додека копа продолжила редовно да се употребува и во XIV век. Меѓутоа кај некои варијанти на западната кирилица, копа си ја задржала функцијата, а буквата Ч се користела за бројката 60, наместо Ѯ.