Умберто Еко
Од Википедија, слободна енциклопедија
Умберто Еко е италијански писател и философ. Во светот најмногу е препознаван по своите новели и есеи.
[уреди] Кратка белешка за писателот
Еко е роден на 5 јануари 1932 година во малиот град Александрија во италијанската покраина Пиемонт. Како мал бил зафатен од сите немири кои ги носела Втората светска војна. Со својата мајка се искачувал на ридиштата од каде што ги гледал борбите помеѓу фашистите и партизаните и жалел што бил премногу млад за да учествува во војната. Сите овие настани ќе бидат основа за неговиот втор роман, полуавтобиографијата Клатното на Фуко.
По желба на својот татко, Еко се запишува на студии по право, но ги напушта поради големата љубов кон средновековната литература и филозофија. Оваа своја љубов ја претопува во својот прв роман Името на розата, каде што исклушително добро ги преведува средновековните религиозни контроверзии во модерни политички и економски термини, така што читателот е во можност да ги разбира настаните и дејствијата без употереба на теолошки знаења.
Докторирал философија во 1954 година и работи како професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Предава и на увиверзитети во Европа и Америка, а добитник е на многу престижни награди. Освен претходно споментатите два романи, автор е на уште два: Островот на претходниот ден и Баудолино. Познат е и како автор на голем број научни дела.
Умберто Еко се опушува себеси како човек кој започнува многу работи истовремено за подоцна да ги синтетизира во една целост:„Ако немам многу работи да направам, загубен сум“. До ден денес пуши по неколку кутии цигари на ден, паботи најчесто до доцните ноќни часови и сака да гледа филмови на видео. Има желба на неговиот гроб да биде напичан како епитаф цитатот од Томазо Кампанела:
Чекај, чекај
Јас не можам.