Подгорица
Од Википедија, слободна енциклопедија
Подгорица | |||
---|---|---|---|
|
|||
Информациjа | |||
Население: | 169 132 | ||
Надм. височина: | ? m | ||
Геогр. положба: | 42°47' сев. ш. 19°28' ист. д. |
||
UTC: | +1 | ||
Градоначалник | |||
Миомир Мугоша | |||
Веб саjтот на градот | |||
http://www.podgorica.cg.yu/ |
Подгорица (поранешни имиња: Титоград и Рибница) е главен град на Црна Гора и административен главен град на Србија и Црна Гора, лоциран во источниот дел од Црна Гора. Според пописот од 2003, овој град има 136.473 жители. Поволната географска положба на Подгорица, како и минувањето на реките Рибница и Морача низ градот се причина за прераснувањето на Подгорица во пријатно место за престој. Градот е сместен на неколку километри од зимските скијачки центри на север, како и во близина на Јадранското Море на југ.
Името Подгорица доаѓа од местоположбата на градот — тој е опколен со планини. Овој град беше познат и како Дукља во предримското и римското време. Во средниот век, името на градот било Рибница, а во периодот од 1945. до 1992. Подгорица се нарекувала Титоград. Во Подгорица има неколку театри, библиотеки и универзитет.