Пабло Пикасо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пабло Пикасо, формално Пабло Луиз Пикасо (25 октомври 1881 - 8 април 1973) е еден од големите мајстори уметноста во 20-от век. Заедно со Џорџ Брак, тој е најпознат како основач на кубизмот.
Работата на Пикасо често се категоризира во периоди. Познати се неговиот Син период, Розов период, период под влијание на африканската уметност, аналитичкиот кубизам и периодот на синтетичкиот кубизам. Се тврди дека неговото најпознато дело е описот на бомбардирањето на Герника во Шпанија. Герника ги претставува нехуманоста, бруталноста и безнадежноста на војната. Сликата многу години била изложена во Музејот на современа уметност во Њу Јорк. Пикасо не дозволувал сликата да се врати во Шпанија се додека таму повторно не биде воспоставена демократијата. Во 1981 Герника е вратена во матичната земја и од 1992 е една од главните атракции на Мадридскиот музеј Reina Sofia.