Марко Поло
Од Википедија, слободна енциклопедија
Марко Поло (Marco Emilio Polo) e венецијански трговец и истражувач познат по своето патување (1271-1295) по Патот на свилата до Кина, каде се сретнал со монголскиот владетел Кублај Кан и останал во негова служба 17 години. По враќањето во Европа ја напишал книгата „Милион“ која имала огромно влијание на перцепцијата на светот и послужила како основа за истражувањата на Васко де Гама и Кристофер Колумбо.
Марко Поло бил роден на Корчула на 15 септември 1254, а умрел во Венеција на 8 јануари 1324 година.