Доменико Скарлати
Од Википедија, слободна енциклопедија
Доменико Скарлати (26-ти Октомври, 1685 – 23-ти Јули, 1757) е италијански композитор од барокниот период. Скарлати извршил енормно влијание врз развојот на клавијатурната музика, особено во Шпанија, Португалија и Англија со својот индивидуален идиосинкратичен и стил.
Содржина |
[уреди] Живот и кариера
Доменико Скарлати е роден во Неапол, Италија како шесто од десет деца и помлад брат на Пјетро Филипо Скарлати кој исто така бил музичар. Најверојатно е дека одпрвин бил учен од татко му, познатиот учител и композитор Алесандро Скарлати, но се смета дека поцна учел и кај композиторите Гаетано Греко, Фраческо Гаспарини и Бернардо Пасквини и истите извршиле големо влијание врз неговиот музички стил.
Тој почнал со композиција и органистика во кралската капела во Неапол во 1701 год., а во1704, направил ревизија на операта Ирена од Карло Франческо Полароло за изведба во Неапол. Малку подоцна татко му го праќа во Венеција, но за тие четири години не се знае ништо. Во 1709 год. Скарлати отишол во Рим во служба на полската кралица во прогонство Марија Казимиера; таму го сретнал Томас Розеjнгрејв кој подоцна се погрижил за неговата афирмацијата на неговите сонатни дела во Лондон. Во тоа време Скарлати веќе бил еминентен чембалист. Постои една анегдота во која тој и Георг Фридрих Хендл си ги испробувале вештините во палатата на кардиналот Отобони во Рим и било оценето дека тој бил подобар чембалист дури и од Хендл иако не подобар од него на органа. Подоцна во својот живот Скарлати секогаш зборувал со голема почит за техниката на Хендл. Во Рим Скарлати исто така искомпонирал и неколку опери за приватниот театар на кралицата Казимиера. Тој дури бил и maestro di cappella во црквата Св. Петар од 1715 до 1719, а подоцна доаѓа во Лондон за да ја води неговата опера Нарцисо во Кралевиот Театар.
Во 1720 или 1721 год. Скарлати оди во Лисабон, каде што работи како учител по музика на принцезата Марија Магдалена Барбара. Потоа се вратил во Неапол во 1725 и за време на една посета на Рим во 1728 се оженил со Марија Катерина Џентили. Во 1729 год. тој оди во Мадрид да работи како учител по музика на прицезата која се омажила за член на шпанското кралско семејство. Марија Барбара станала Кралица на Шпанија и така Скарлати останува во Шпанија през следните дваесет и пет години, за кое време имал пет деца. По смртта на жена му во 1742 тој се омажува со шпанка, Анастасија Максарти Ксименес. През неговиот престој во Мадрид Скарлати искомпонирал преку 500 сонати за клавијатура. Ова се токму тие дела по кои е познат денес.
Доменико Скарлати пошинал во Мадрид на старост од 71 година. Неговата резиденција на Кале Леганитос е обележана како историски споменик, а неговите потомци сеуште живеат во мадрид.
[уреди] Дела
За време на својот животот Скарлати издал многу малку од своите дела; тој лично го надгледувал издавањето на најпознатата колекција во 1738 која е кинига со 30,,Essercizi" (вежби) која зачудувачки, ги доминира современите концертни репертоари. Овие дела биле примени со восхит од страна на европската јавност и биле високо оценувани од страна на високоценетиот англиски музиколог Др. Чарлс Бурни. Постои можноста истите да извршиле влијание врз делото Голдберг-Варијации на Јохан Себастијан Бах, но нажалост постојат многу малку докази за оваа теза. Иако влијанието на Скарлати врз стилот на доцниот 17-ти век било значителено, тој секогаш бил сметан за "аутсајдер" во музичката историја. Причината за овој феномен може да бидат генерализациите на музичките периоди (Барок/Класицизам) или веројатно заради националистички тензии: Шпанија е скоро непозната во полето на музичката историја, додека Италија е позната како земјата на операта.
Но,,Essercizi"-те не го прикажале целокупниот 'дофат' на стилот на Скарлати: тие се извонредно конзервативни споредени со сите дела на Скарлати како целина. Мноштвото од сонати кои останале неиздадени за времето на животниот век на авторот излегувале во печат нередовно през следните два и пол века и репертоарот не е најдобро проучен ни денес. Но скарлати го привлекол вниманието на многу познати музичари како Фредерик Шопен, Јоханес Брамс, Хајнрих Шенкер и Владимир Хоровиц. Исто така, руската пијанистичка школа одсекогаш ги милувала Скарлатиевите сонати.
Скарлати компонирал преку 500 сонати, сите во основа со по еден став во бинарна форма, но сепак во нив успевал да компресира еден неверојатен спектар на музичка експресивност. Некои музичари сметаат дека сонатите се само дела за искажување на виртуозност заради нивната техничка тежина, но современата техника за фортепијано е всушност голем должник токму на овие дела. Тие искажуваат хармониски смелост и аванстуристичка употреба на модулација (промена на скали за време на изедба), свежина и разноврсност на иновации и енергична интелектуалност во тематска и структурна смисла кои инаку изгледаат така наивно на хартија. Скарлати ги напишал сите свои сонати за неговата славна ученичка, Кралицата на Шпанија, која ги изведувала истите през целиот свој живот.
[уреди] Дискографија
Неколку разни чембалисти и пијанисти ги имаат снимено своите изведби на сонатите на Скарлати. Скот Рос ги има снимено сите во сет од 34 ЦД-а. Други изведувачи кои снимале дела на Скарлати се Густав Леонхарт и Ралф Киркпатрик кој бил исто така познат експерт на таа тема и има издадено свое издание на сонатите. Меѓу познатите пијанисти кои ги снимале овие сонати се Владимир Хоровиц, Михаил Плетнев, Клара Хаскил, Андрас Шиф, Кристијан Захарие, Константинос Пападакис и Иво Погорелиќ. Исто така доста допринел и Антони ди Бонавентура кој (по Швелов) нуди едно ново "необично", "модерно", но сепак "неодоливо" и "неверојатно убедливо" искуство. Холандскиот чембалист Пјетер-Јан Белдер (1966) исто така работи на снимање на сите 555 сонати за клавијатура по секвенцијален ред за куќата Brilliant Classics.
[уреди] Медија
- Соната во д-мол, K.517, т.н. „Мачешка фуга“ (инфо)
- за чембало
- Соната во д-мол L. 413 „Пасторале“ (инфо)
- за пијано
- Не можете да ја чуете датотеката? Видете медија-помош.