Дебело црево
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дебелото црево (латински: intestinum crassum) е дел од системот за варење кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од тенкото, има поголем дијаметар. Се диференцира на 3 дела:
- Слепо црево (coecum) со црвовиден израсток (appendix vermiformis);
- Колон (Colon);
- Право црево (Rectum), со кое и завршува дигестивниот систем.
[уреди] Дигестија во дебелото црево
Дигестијата и ресорпцијата на храната завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на ензими во цревниот сок од дебелото црево, активна е цревната микрофлора која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат гасови (јаглерод диоксид, сулфур, водород, метан, азот и токсични материи, како амонијак скатол итн.). Одделни видови на бактерии учествуваат во биосинтезата на витамините К, B12, B2 и B1). При долготрајна терапија со антибиотици, оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните микроорганизми се формира фецесот. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни паразити. Тој се отстранува од организмот преку контракцијата на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот дефекација.