Бактерија
Од Википедија, слободна енциклопедија
?
Бактерии |
|||
---|---|---|---|
Клетки на Escherichia coli, зголемени за 25,000 пати
|
|||
Научна класификација | |||
|
|||
|
|||
Actinobacteria Aquificae Chlamydiae Bacteroidetes/Chlorobi Chloroflexi Chrysiogenetes Cyanobacteria Deferribacteres Deinococcus-Thermus Dictyoglomi Fibrobacteres/Acidobacteria Firmicutes Fusobacteria Gemmatimonadetes Lentisphaerae Nitrospirae Planctomycetes Proteobacteria Spirochaetes Thermodesulfobacteria Thermomicrobia Thermotogae Verrucomicrobia |
Најголем број од бактериите се едноклеточни организми. Тоа се микроорганизми од кои најмалите видови имаат дијаметар помал од 1 микрометар.
Кај бактериите отсуствуваат пластиди и митохондрии. Кај нив е присутен дифузно распределен јадрен материјал нуклеоид. Цитоплазмата е ограничена со клеточен ѕид, кој, во поглед на биохемискиот состав, се разликува од клеточниот ѕид на другите растенија. Тој се состои од амино киселини, липиди, протеини и трансформиран шеќер. Според ова, може да се каже дека претставува жива творба, за разлика од целулозниот ѕид кај клетките на другите растенија. Во состав на бактерискиот клеточен ѕид влегува и муреинот, хемиско соединение со доста сложен состав кое содржи мукопептиди. Под клеточниот ѕид се наоѓа клеточната мембрана. Некои бактерии имаат однадвор еден лигав слој, наречен капсула, кој има заштитна улога. Исто така, одредени видови поседуваат флагелуми (камшичиња), кои служат за движење.
Според формата на клетката, бактериите се делат на:
- Топчести (коки)
- Стапчести (бацили)
- Спирални (спирили и спирохети).
Освен овие форми, има и многу други т.н. преодни форми. Такви се на пример:
- Кокобацили
- Вибриони
- Стрептококи
- Стафилококи итн.
Во поглед на исхраната, имаме автотрофни и хетеротрофни бактерии. Дел од автотрофните содржат бактериохлорофил и можат да вршат фотосинтеза (фотосинтетски бактерии), а дел кои не содржат фотосинтетски пигменти, ја користат хемиската енергија за синтеза на органски соединенија, во процесот хемосинтеза (хемосинтетски бактерии). Хетеротрофните бактерии се исхрануваат сапрофитски или паразитски. Сапрофитите се хранат со органски материи од изумрени организми, при што ги разложуваат до неоргански материи, потребни за процесот фотосинтеза кај растенијата. Сапрофитските бактерии (уште наречени и редуценти) се главните алки во синџирот на кружење на материите во природата. Паразитските бактерии паразитираат на растенијата, животните и човекот, предизвикувајќи притоа најразлични заболувања. Наречени се уште и патогени бактерии (како на пример хеликобактер). Некои бактерии (како Ешерихија коли) се составен дел од организмот на човекот, животните и растенијата, без кои тој не може да функционира.
Бактериите се размножуваат бесполово (со проста делба, а некои со спори) и полово. Спорите служат и за заштита на бактериите при неповолни животни услови, а при поволни се развиваат во нови единки, и тоа за многу брзо време (за само 20 минути, односно за само од 24 часа од една единка се создава популација од 636 милиони бактерии). Меѓутоа, сончевата светлина, температурата и некои други фактори (како ограничена количина на храна) влијаат за намалување на нивната бројност. Половото размножување кај бактериите се одвива само во многу поволни услови, по пат на конјугација.
Бактериите се распространети насекаде околу нас и на/во нас. Огромен број нивни единки ја населуваат целата Земја. Живеат во водена средина, во почва, во воздух, како и на сите предмети.