Баку
Од Википедија, слободна енциклопедија
Баку (азербејџански: Bakı) е главниот град на Азербејџан. Се наоѓа на јужниот брег на Абшеронскиот Полуостров. Модерниот Баку се состои од три дела: Стариот Град (İçəri Şəhər), најнапредниот комерцијален дел од градот (бумград) и делот изграден од Советите. Според пописот од 2003 година, Баку има 1,900,000 жители. Околу 3 милиони жители живеат во околната област.
Обликот на градот е правоаголен, а само во најстариот дел на градот, зад ѕидините од тврдината улиците се криви и тесни. Најнапредниот дел од градот се наоѓа јужно од стариот град. Тој е изграден по огромната експлоатација на нафта која започнала пред околу еден век и има интересна уметничка архитектура.
Модерен Баку се протега и надвор од ѕидините на стариот град. Овој град е поделен на 11 области: Азизбајов, Бинагади, Гарадах, Нариманов, Насими, Низами, Сабаил, Сабунчу, Катај, Суракани и Јасамал.