Архимед
Од Википедија, слободна енциклопедија
:За други значења на називот, видете Архимед (појаснување).
Архимед од Сиракуза (околу 287 п.н.е. - 212 п.н.е.) бил старогрчки математичар, астроном, физичар и инженер. Бил убиен од страна на римски војник за време на напад над градот, и покрај наредбите од римскиот генерал Маркелус дека тој не смее да биде допрен. Некои математички историчари го сметаат Архимед за еден од најголемите математичари било кога, заедно со Исак Њутн, Карл Фридрих Гаус и Леонард Ојлер.