Ташко Георгиевски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ташко Георгиевски е раскажувач, романсиер и филмски сценарист. Член е на МАНУ од 1983 година.
Роден е на 15 март 1935 година во с. Кронцелево, Воденско, Егејска Македонија. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.
[уреди] Литертурно творештво
- Ние зад насипот (раскази, 1957)
- Луѓе и волци (роман, 1960)
- Ѕидови (роман, 1962)
- Суви ветрови (раскази, 1964)
- Црно семе (роман, 1966)
- Змиски ветар (роман, 1969)
- Црвениот коњ (роман, 1975)
- Куќа под калето (раскази, 1978)
- Време на молчење (роман, 1978)
- Рамна земја (роман, 1981)
- Плочата на животот (автобиографски записи, 1987)
- Кајмакчалан (роман, 1992)
- Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
- Исчезнување (роман, 1998)