Страхил Гигов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Страхил Гигов - Андро (Велес, 1909 - Скопје, 1999) е македонски функционер од времето на комунизмот.
Гигов станува синдикален активист уште од 1928 година. Член на КПЈ од 1929, а на Месниот комитет во Велес од 1932 година. Три години (1934-1936) робувал во Сремска Митровица. Есента 1939 година е член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Кон крајот на 1941 година е секретар на Месниот комитет во Велес. Во почетокот на 1942 година е секретар на велешкиот Окружен комитет. Во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет, а од март 1943 година е член на првиот Централен комитет на Комунистичката партија на Македонија. Член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, негов член и член на АВНОЈ.
По ослободувањето бил повереник за градежништво и соопштенија на Президиумот на АСНОМ, министер за индустрија и рударство во првата Влада, член на Сојузниот извршен совет, на Претседателството на СРМ. Прогласен е за народен херој.