Свети Климент Охридски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на мисија Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панониjа од Германците и побарал спас во Бугариjа. По одлука на бугарскиот Св. Кнез Борис І оди во Охрид каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.
[уреди] Дела
- Похвала на Кирил Филозоф
- Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
- Од опширното житие на Кирил Филозоф
- Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
- Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
- Похвално слово за четиридневниот Лазар
- Поука за блудниот син