Рафаел Камхи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рафаел Моше Камхи е роден во Битола, на 15 декември 1870 година. Во 1894 година се запознал со Даме Груев и влегол во МРО. Учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година, во Солун, како битолски делегат на местото на Даме Груев. Учествува во аферата Мис Стон. Во 1903 е депортиран заедно со брат му Ментеш во Дебар. Се поврзал со тамошната организација и под името Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско, а потоа и во Малесија.
Длабоко разочаран од делбите на Македонија и од решенијата на Париската конференција во 1919 година, Рафаел Камхи се преселил од Софија во Солун. Подложен на иследување и тортура од нацистите и од грчките колаборационисти е затворен во 1943 година. Благодарение на ангажирањето на Македонскиот национален институт, Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските братства од Софија и со ангажирање на бугарската влада е издејствуван посебен третман за Рафаел Камхи, како "заслужен Бугарин". Целото негово семејство завршило во злогласните логори на Треблинка.
По војната извесен период живее во Софија, а по 1950 во Тел Авив, каде што починал во длабока старост во 1970 година. Камхи е автор на книга спомени, кои како несредени ракописи ги депонирал во Еврејскиот институт во Софија, а подоцна еден примерок е депониран и во Архивот на Македонија.