Ламанш
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ламанш или Англиски канал (француски - La Manche; англиски - English Channel) е дел од Атлантскиот Океан кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција и го спојува Атланстскиот океан со Северното Море. Долг е околу 563 km, а широк околу 240 km. Доверски мореуз е најјужниот дел на каналот, кој е широк само 34 km (од Довер до Кап Гри Нез) и се наоѓа на најисточниот дел на преминот. За време на Римската Империја, преминот се нарекувал -{Oceanus Britannicus}- а до 1549 година Британско море.
Ламанш од секогаш бил природна одбрана од надворешни напади, меѓу другите и од Наполеон I и Германија за време на Втората Светска Војна. Преку Ламанш се одвивале повеќе инвазии (римското освојување на Британија, норманските освојувања и десантот во Нормандија).
Каналот е релативно плиток, со просечна длабочина од околу 120 m на најширокиот дел па се до 45 m во делот меѓу Довер и Кале. Каналските острови се наоѓаат во пролазот, поблиску од францускиот брег.
Во 1994 година под Ламанш е ископан железнички тунел долг 50 километри, што претставува вториот по должина железнички тунел во светот. Ги спојува Черитон во Англија и Кале во Франција, а возовите кои минуваат низ него најчесто се на релација Лондон - Париз - Брисел.