Кварц
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кварц е еден од најзастапените минерали во Земјината континентална кора. Има хексагонална кристална структура направена од тригонален кристализиран силициум (Силициум диоксид, SiO2), со тврдина која има вредност 7 според Мосовата скала. Густината изнесува 2,65 g/cm3.; Карактеристичен облик му е шестстрана призма која завршува во шестстрана пирамида, иако најчесто кварцот не се наоѓа токму во овој облик.
Правилните кристали на кварцот честопати се наоѓаат во шуплините од карпите, а најпознатите вариетети се: цитрин - жолта боја, аметист - виолетов, морион - црн, чаден кварц - темнокафејав и други. Поголеми примероци на кристалот погодни за одбивање се наоѓаат релативно ретко, па и артефактите од овој вид на суровина исто така ретко се наоѓаат на археолошките локалитети.
Еден од најпознатите вариетеи на кварцот е горски кристал, безбоен вариетет на нискотемпературен кварц, кој формира ромбоедарски призми со пирамидални рамнини на двата или само на едниот крај.