Звучна забна фрикатива
Од Википедија, слободна енциклопедија
ИФА – број | 131 |
ИФА – текст | ð |
ИФА – слика | |
Ентитет | ð |
П-ФАУМГ | D |
Киршенбаум | D |
Звучен пример |
---|
Звучната забна нешушкава фрикатива е вид на согласен звук кој се користи во некои јазици. Знакот според ИФА е ð, е еквивалентиот знак по П-ФАУМГ е D. Забните фрикативи се нарекуваат уште и „меѓузабни“ бидејќи тие често се изговараат со јазикот помеѓу горните и долните заби, а не само со притискање на задниот дел од забите, како кај другите забни согласки.
Содржина |
[уреди] Карактеристики
Карактеристики на звучната забна фрикатива:
- Нејзиниот начин на изговор е фрикативен, што значи дека се изговара со стеснување на воздушниот проток преку тесен канал на местото на изговор, предизвикуваќи турбуленција.
- Нејзиното место на изговор е забно што значи дека се изговара со јазикот наспроти задниот дел од долниот, горниот или обата реда заби.
- Негивот тип на фонација е звучен, што значи дека гласните жици вибрираат при артикулација.
- Таа е усна согласка, што значи дека воздухот тече низ устата.
- Таа е централна согласка, што значи дека воздухот тече по средината на јазикот, а не по страните.
- Иницијацијата ѝ е градно егресивна, што значи дека се иницира со истискање на воздух од дробовите и преку грлото, а не преку глотисот или устата.
[уреди] Англиски
Звучната забна фрикатива се јавува во англискиот јазик со диграфот „th“ како во зборовите this (ова) и the (одреден член). Се разликува од звукот претставен со истиот диграф „th“ во зборовите thing(нешто) и bath (бања), кој е нем забен фрикатив.
Во староанглиски, буквите þ и ð наизменично се користеле за овој звук и за немиот забен фрикатив, но подоцна била заменети со гореспоменатиот диграф „th“. Иако истиот диграф с еупотребува за двете, овие се засебни звуци.
Видете исто така: Изговор на англиско th.
[уреди] Македонски и други јазици
Многу јазици, како и македонскиот, воопшто го немаат овој звук. Затоа кога луѓе од тие краишта пробуваат да изговорат звучен забен фрикатив, обично наместо тоа изговараат звучен предно-непчест фрикатив или звучна забна затворена согласка. Во случај на македонскиот јазик, диграфот (или знакот кој ја означуваа таа буква) се срамнува со буквата Т и така, англиското име Theodor, на македонски се изговара „Теодор“ (или македонската варијанта „Тодор“).
[уреди] Старословенски
Во старословенскиот јазик овој звук е претставен со буквата Ѳ (Фита). Меѓутоа овој звук во старословенскиот се јавува само во зборови со грчко потекло.
[уреди] Исландски
Исландскиот јазик има буква ð (eth), но таа не го претставува баш тој звук, туку звучна предно-непчеста нешушкава фрикатива.
[уреди] Велшки
Велшкиот јазик го користи диграфот 'dd' за овој звук.
[уреди] Грчки
Грчкиот јазик ја користи буквата δ (делта) за овој звук.
[уреди] Албански
Албанскиот јазик го користи диграфот 'dh' за овој звук.
[уреди] Арапски
Арапскиот јазик ја користи буквата ذ (даал) за овој звук.
[уреди] Северносамски
Северносамскиот ја користи буквата đ за овој звук.
[уреди] Хебрејски
Денес овој звук не е присутен во хебрејскиот јазик, но во старохебрејскиот се користела буквата ד (далет без дагеш. Со дагеш станува דּ, далет) за овој звук. Оваа поделба е задржана кај неколку вокализации (на пр.,теманскиот), и често се слуша меѓувокалично кај оние што зборуваат денешен хебрејски, а чиј мајчин јазик е шпански.
[уреди] Фински
Овој глас се користел во старофинскиот јазик како послаба варијанта во градација на согласките од немата забна затворена согласка во еднна - /t/. Во старата литература, звукот е обележан со <dh>.
[уреди] Видете исто така
- Листа на фонетски теми
Согласки (Листа, таблица) | Видете исто така: МФА, Самогласки | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Оваа статија содржи фонетски информации од МФА, кои може да не се прикажат правилно кај некои пребарувачи. [Помош] Кога знаците се во парови, десниот е звучна согласка. Исенчените предели се невозможни градни артикулации. |