Ентаза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кај архитектурата, ентаза е техника на дизајнирање која се користи за созбивање на извесна оптичка илузија. Кога еден столб или друг елемент се гради со паралелни страни, тие страни изгледаат како да се малку закривени. Ентаза е примената на мала крива која се витка нанадвор н страните - така правејќи ги непаралелни - за да се созбие овој оптички ефект. Освен во храмот, подот под него има закривување. Целта, малку парадоксно, е да се даде изглед на прави линии со употреба на криви и оптичка илузија.
Веројатно првата примена на ентазата била при изградбата на египетските пирамиди, но исто така може да се види и кај грчките дизајни на столбови од класичното доба, како на пример кај храмовите од Дорски ред во Сегеста, Селин, Агриенто и Пестум. Истава техника се употребувала исклучително ретко кај хеленистичката и римската архитектура. Храмовите од овие периоди биле повисоки од грчките, со подолги и повитки столбови. Славни архитекти како Ренесансниот мајстор Андреа Паладио исто така ја применувале оваа техника на нивните згради.
Во последно време, Ролс-Ројс автомобилите ја користат оваа техника за решетките нивните ладилници.
[уреди] Литература
- Thomä, Walter: Die Schwellung der Säule (Entasis) bei den Architekturtheoretikern bis in das XVIII. Jahrhundert. Dresden 1915.