Демиркаписка клисура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Демиркаписката клисура спаѓа меѓу најубавите клисури во Македонија на реката Вардар. Долга е 19,5 км сметано од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Демиркаписката клисура е планинска. Од источната страна е заградена со ограноците на Серта и Градешка Планина, а на западната со Краставец и Кожув Планина. Страните на некои места во клисурата се високи и до 900 метри, а на Карадак и Трнка Рид и до 928 метри. Демиркаписката клисура е изградена во мезозојски варовници со старост од јура и креда. Варовниците имаат сива до отворено сина боја и на влезот во клисурата скоро вертикално се издигаат над Вардар со пад од 85 степени.Во Демиркаписката клисура се чуствува влијанието на медитеранската клима.
Како последица на оваа клима се развила специфична вегитација карактеристична за овој климатски тип. Тука се среќаваат и разновидни диви животни како што се срната, зајакот, лисицата, куната, јазовецот, волкот, еребицата и др. Освен нив во овој дел на Вардар живее и Сомот кој е најголема риба која достигнува тежина и над 100 кг.Во клисурата постојат површински и подземни карстни облици. Има вкупно 13 пештери од кои најпозната е Бела Вода и Змејовец.