Галичник
Од Википедија, слободна енциклопедија
Галичник е село во северозападна Македонија. Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на Мијачкото племе, околу 10 километри до вештачкото Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Познато е по "Галичка Свадба", традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра "Тешкото" оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот (.wav звучна датотека).
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Галичник |
Општина: | Општина Маврово-Ростуше |
Население: | - |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Во минатото, економијата на Галичник се базирала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денеска, Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.
Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална Архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.