Бистра
Од Википедија, слободна енциклопедија
Планината Бистра е една од најинтересните планини во Македонија која се граничи со 6 други планини, и тоа Шар Планина, Буковиќ, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб. Позната е по своите пасишта, на неа се наоѓа голем скијачки центар, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро поголем дел од планината спаѓа во националниот парк „Маврово“. Искачувањето на највисокиот врв „Меденица“ се врши по стандардната насока од веројатно најпознатото село Галичник, во него се одржува надалеку познатата „Галичка свадба“. Галичник се наоѓа на 1350 мнв.