Антон Панов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антон Панов (Стар Дојран, 1906 година - Струмица, 1967 година) е македонски писател. Се школуваше во Струмица и Белград под тешки услови. Во фокусот на неговиот интерес беа музиката и театарот.
Во македонската литература Панов е познат како автор на театарски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик беше забранета. Драмата е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје.
Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.