Разговор со корисник:LBakraceski
Од Википедија, слободна енциклопедија
Страницата за помош и ЧПП ќе ви помогнат по регистрацијата. Тие објаснуваат како да се користи Википедија, како да се уредуваат статии и како статиите треба да изгледаат. Погледнете и како да почнете нова статија. Не треба да имате некакви стручни знаења за да допринесете на Википедија. Работете слободно на Википедија и разговарајте со другите. Ова е вики - сè е едноставно. Повеќе информации се достапни на Порталот каде што можете да ги поставите Вашите прашања. Прашањето може да го поставите и на ИРЦ, каде веднаш ќе добиете одговор. Можете да ги контактирате и администраторите доколку имате некое посебно прашање. |
|
--FlavrSavr 10:57, 8 Јуни 2006 (UTC)
Содржина |
[уреди] Википедија:Авторски права
Благодарни сме за вашите уредувања на Википедија, и ве охрабруваме да продолжите така! Сепак, ќе ве молам да ја прочитате статијата Википедија:Авторски права. Имено, забележав дека некои од новите статии се повреда на авторските права. Организацијата Викимедија годишно се справува со голем број тужби во врска со повредата на нечии авторски права, и должност ми е, како администратор, да ви посочам дека постои неовластено користење на материјали на следниве статии:
- Васил Тупурковски - [1]
- Крушево#Туризам - [2]
- Есма Реџепова - [3]
- Св. Климент Охридски (универзитет) - [4]
- Електростопанство на Македонија - [5]
- Македонски Железници - [6]
Содржините од владините сајтови, не знам дали се заштитени со авторски права, бидејќи по законот, сите публикации на извршната власт со официјален карактер не подлежат под таква заштита. За горенаведените статии, ќе ве замолам да ги смените доволно да не ги повредуваат авторските права, во спротивно ќе треба да ги избришеме. Поздрав. --FlavrSavr 01:36, 9 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] Здраво!
Можеш ли да го видиш: Википедија:Портал/Правопис и граматика? Има една дискусија во врска со употреба на времињата во статиите, која создаде доста негативна енергија во Википедијава, и би сакал да ја решиме со некакво заедничко решение. --FlavrSavr 23:06, 11 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] ОК
Ок ке ѕирнам. Поздрав!
[уреди] За црквите и совети
Гледам уредуваш статии за црквите во Македонија. Тое е одлично. Мислам дека ти и Majahm можете чуда да направите на таа тема. Препорачувам да го користиш шаблонот {{Македонска црква-никулец}} кој денес го изработив, за статиите кои ги сметаш за никулци. Друга работа - препорачливо е називите на статиите да не позчнуваат со „Црква ...“ заради тоа што нивното индексирање понатаму е невомзожно, а и луќето ја бараат црквата по името. Затоа предлагам „црква“ да стои во заграда по името, како би се различила од статијата за дотичниот светец (било постоела или не). Пример: Св. Архангел Михаил (црква).
За потпис користи го второто копче (од десно на лево) веднаш над текстот што личи на шкрабаница (до прешкртаното W). Исто така можеш прилагодиш како корисничкото име да ти се појавува во потписот (доколку сакаш). Ова се наоѓа во опцијата „прилагодувања“ на самиот врв на страницава.
Акцентираните букви се наоѓаат во знаковникот под копчињата за зачувување на страницата и преглед. Во случај да користиш Internet Explorer и имаш проблеми со акцентираното „и“, види четврта актуелност горе на десната половина од главната (почетна) страница на Википедија. Таму е објаснето што да направиш.
Текстуалните ресурси мора да се цитираат, тоа е стриктно правило. Меѓутоа можеш слободно да копираш и преведуваш текст и илустрации (и др. медија) од било која друга Википедија, доколку ги ископираш нивните референци, се разбира. Исто така слободно подигај која било медија за која сметаш дека е во јавен домен.
Мал водич низ воспоставената терминологија за поднаслови:
- ==Надворешни врски== (тематски поврзани „линкови“ кои водат до невикипедиска веб-страна)
- ==Видете исто така== (тематски поврзани статии на Википедија)
- ==Библиографија== (себеобјаснително)
- ==Извори== или ==Наводи== („референци“)
- Останатите поднаслови се по твоја волја и зависат од содржината која ја пишуваш.
Кога редиш статии треба пред секоја да стои син квадратче (како овие погоре), а тоа се прави со ставање на ѕвездичка пред називот. Доколку сакаш да набројуваш нешто (под 1, под 2 итн.) користи тараба пред секој нов ред, на ист начин како и ѕвездичката.
Важно е да се спомене дека статиите на Википедија мора да бидат вики-форматирани, што значи дека мораат да се разделуваат на поднаслови за да бидат содржински осмислени за читателот. Исто така вики-форматирање подразбира задолжително поставување на што повеќе внатрешни врски во текстот (икона Аb) над текстот. Со хајлајтирање на зборот и кликнување на неа обичниот збор се протвора во внатрешна (википедиска) врска кон статија на таа тема.
Извини ако ти накажав работи кои веќе ги знаеш, но како администратор сметам дека ми е должност да направам сè во полза на корисниците. За да добиеш целосна слика за комплетниот правилен изглед на една страница, види ја, да речеме, мојата статија пура. Доколку имаш прашања на било која тема или пак сакаш да побараш помош, секогаш сум тука да притекнам. Поздрав и благодарам за поддршката во гласањето. --Б. Јанкулоскиразговор 01:29, 12 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] O: За црквите и совети
Ок cool, ке се потрудам да ги имплементирам советите за форматирање. Поздрав
- Епа вака. Шаблони се копираат, преведуваат и имплементираат по следниве чекори. Кога векам „чекори“, тоа не значи дека е нешто сложено, туку само сакам да бидам концизен. Еве ги:
- Го наоѓаш називот на саканиот шаблон (на англиската) и го копираш,
- На истата Википедија во „Search“ пишуваш Template: и во продолжение го пастираш
- Шаблонот ти излегува, стискаш „edit“ и ја копираш содржината
- Ја пастираш во твојот шаблон на македонската кој пред тоа си го спремил - нели {{име на шаблон}}.
Тука треба да нагласам дека пожелно е да се користи тотално идентично име како и кај англиската (значи и исто име и иста азбука-латиница), па накнадно да се преименува (премести) страницата на кирилица-македонски јазик (заради стабдардна кирилизација и македонизација). Ова е за да не мораш да се чудиш како се викаше шаблонот кога копираш друг пат друга статија што треба да го содржи истиот, туку самиот да ти излезе преклопувајќи се со истиот назив од англиската. (Ова е особено згодно за никулци).
- Јас сум апсолутно против ова заради две причини.
- Никогаш нема да имаме целосна Википедија на македонски јазик ако уште стојат латинични називи.
- За џабе се прават 2 шаблони. Сите промени во едниот ќе мора повторно да се направат и во другиот... А често се заборава. Многу подобра варијанта е да се преведе целиот шаблон, да се стави и мало упатство за користење (како што има на англиската Википедија). Заборавање на името на шаблонот не е оправдување - листата на сите шаблони стои овде, лесно може да се најде.
- --Милош 22:13, 13 Јуни 2006 (UTC)
Се надевам дека ова е достатно јасно објаснение за процедурата. Ако има некоја недоискажана работа, посочи ми ја да ти ја дообјаснам. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 22:06, 13 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] O: Помош!!!
Епа welcome на англиската Википедија :-). Ти пожелувам помалку стрес од тој што јас го имам таму! Работава е ваква - таму не можеме да се викаме Македонија, зошто Македонија се однесува на целиот регион, ама затоа нè има со име и презиме - Република Македонија. Колку што гледам, моментално статијата е Accession of the Republic of Macedonia to the European Union, и мислам дека така е ОК. Патем, можеш да оставаш потписи на страниците за разговор користејќи --~~~~, или копчето во кутијата за уредување. Поздрав! --FlavrSavr 01:03, 19 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] Категоризирање
Здраво LBakraceski. Морам да признаам дека создаваш одлични статии и дека си доста активен на македонската Википедија. Имам само една забелешка - да ги категоризираш тие статии. Ако ништо друго, ставај ги основните категории - Категорија:Политика, Категорија:Политичари, Категорија:Организации и сл. Така ќе има подобар преглед на статиите. Поздрав и продолжи така! Boyan 13:08, 13 август 2006 (UTC)
- Една молба и од мене: кога подигнуваш слики, наведи и под каква лиценца се истите. Не би сакал во иднина да мора да тргаме работи зошто се забранети за користење. --Милош 16:36, 13 август 2006 (UTC)
[уреди] Лиценцирање на слики
На сликата Antonio milososki.jpg си ставил (c) Utrinski vesnik. На википедија не смее да се подигнуваат слики што не се „слободни“ за користење. Дозволени се лиценците: јавен домен, ГФДЛ, фер употреба и сл. Ако не добиеме соодветна дозвола во рок од, да речеме 1 ден, ќе мора да ја избришам сликата. --Милош 13:59, 16 август 2006 (UTC)
Хмм, проблемот е што истата фотографија ја користи и вмро-дпмне и весникот дневник и утрински и сајтот на неговиот универзитет, па сега од кој да се бара дозвола. :) Во исто време Асошиејтед прес кога дава дозвола за фотографии бара само да биде наведено дека правата на сликата се нивни. Не мислиш дека тоа може да биде тука употребено?
- За жал AP мислам дека не дава така фотографии, инаку ќе тоа максимално ќе се искористеше на англиската Википедија... Нема таква одредба во нивните услови за употреба. --FlavrSavr 18:23, 16 август 2006 (UTC)
Ок тогаш но што правиме со слики кои што се појавуваат ваму таму а нигде не постои чива е сликата, на пример ете со сликата на Антонио?
Листа на лиценци има на англиската википедија. Можеби некоја од нив би одговарала? --Милош 18:36, 16 август 2006 (UTC)
- Ок за сега ќе ја тргнам дур не најдеме нешто што е достапно за користење
- Останатите слики што си ги подигнал имаат лиценца? --Милош 18:44, 16 август 2006 (UTC)
- Да не паничи :) или се со лиценца или имам добиено овластување да ги поставиме на Вики, имам маилови ако некој те закача :)
- Не паничам, не се секирај :) Сакам да трнеме со поставување на лиценци на сите слики, за да немаме проблеми во иднина. Подобро да средиме дури се малку, него кога ќе нараснат :) Кажи кои шаблони ќе ти требаат да ги преведеме. П.С. на страниците за разговор потпишувај се со додавање на --~~~~ (претпоследното копче над прозорот за уредување) --Милош 19:05, 16 август 2006 (UTC)
- Ок пиштам утре сега излегувам да се журкам со можност дрвце да се вратам :) ајде поздрав --LBakraceski 19:07, 16 август 2006 (UTC)LBakraceski
- Не паничам, не се секирај :) Сакам да трнеме со поставување на лиценци на сите слики, за да немаме проблеми во иднина. Подобро да средиме дури се малку, него кога ќе нараснат :) Кажи кои шаблони ќе ти требаат да ги преведеме. П.С. на страниците за разговор потпишувај се со додавање на --~~~~ (претпоследното копче над прозорот за уредување) --Милош 19:05, 16 август 2006 (UTC)
- Да не паничи :) или се со лиценца или имам добиено овластување да ги поставиме на Вики, имам маилови ако некој те закача :)
- Останатите слики што си ги подигнал имаат лиценца? --Милош 18:44, 16 август 2006 (UTC)
[уреди] За вандализмите
По многубројните опомени, корсиникот е блокиран на една недела, а шаблонот „Александар Македонски“ е заштитен. --Б. Јанкулоскиразговор 21:42, 16 август 2006 (UTC)
[уреди] За статијата
Секоја чест Бакрачески! Каква статија за исламската архитектура во Македонија... Набргу ќе имаш еден медал од мене. Само така! --Б. Јанкулоскиразговор 05:53, 22 август 2006 (UTC)
- Дефинитивно заслужува медал. Јанкуловски, извади еден од „вртливите“ или тегла ајвар :) --Милош 08:33, 22 август 2006 (UTC)
- Абе повеќе заслужува мојата најдобра другарка, која го составуваше текстот од разни книги на хартија, е малце таа мрази технологија (како и секој етнолог :) такашто јас фатив да ја дигитализирам :). Поздрав LBakraceski 13:10, 22 август 2006 (UTC)LBakraceski
[уреди] Златна тегла ајвар!
Гледам никој ништо не ти доделил досега, па ајде јас да ти доделам златна тегла ајвар! Поздрав и продолжи така! :) --FlavrSavr 18:20, 28 август 2006 (UTC)
Хахахахаха :) Благодарам!! Поздрав!!! LBakraceski 22:50, 28 август 2006 (UTC)
[уреди] Мојот одговор
Hi, I made those modifications, because Ελληνική is pronounced IPA: [eliniˈci], not [eliniˈki] (with a [c], not a [k] - apparently, the sound [c] is denoted with the letter ќ, and the sound [k] is denoted with the letter к), and because Ελληνική Δημοκρατία means Greek Republic, not Republic of Greece, just in the same way République française means Француска Република at Франција. Anyway, благодарам за помошта :-) Telex 21:11, 8 септември 2006 (UTC)
[уреди] Референдум 1991
Чудно е како статијава успеала да ни пролизга :) Сега е поставена како прва од претходните одбрани статии по твое барање.
- Доколку имаш прашања или бараш било каква помош, ма колку и да е обемна и комплицирана, слободно обрати ми се. Особено омилена ми е изработкана на шаблони, така што ако имаш некоја идеја (особено на национална тема), со задоволство ќе ти помогнам. --Б. Јанкулоскиразговор 10:46, 17 септември 2006 (UTC)
-
- Благодарам Јанкуловски! Ќе бидам малку отсутен во наредниов месец, бидејќи сум повеќе на пат отколку што сум во Македонија, но ќе пробам да работам по малце. Поздрав LBakraceski 18:53, 18 септември 2006 (UTC)