Шпицбершки Острови
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шпицбершките Острови се група на острови во Северниот Леден Океан, околу 635 km северно од Норвешка, а североисточно од Гренланд. Зафаќаат површина од 62,422 km2, а имаат околу 4,500 жители (главно Норвежани и Руси). Главно место е Лонгјиарбјен, важно пристаниште. Останати градчиња се Грин Харбор и Нов Олесунд. Најголеми острови се Западен Шпицберген и Североисточниот Остров. Климата е арктичка, ублажена со топлата Голфска струја. Средната зимска температура е околу -18°С, а летната околу 6°С. Островите се претежно планински, а најголем врв е Њутновиот Врв, висок 1,717 m; се наоѓаат под многубројни глечери, длабоки фјордови. Богати се со камен јаглен. Од животните ги има белите мечки, ирвасите и поларните лисици.