Христо Матов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Христо А. Матов (Струга, 10 март 1872 - Софија, 10 февруари 1922) е еден од најистакнатите дејци на ТМОРО и теоретичари на македонската ослободителна борба, во тоа време е „задграничен претставник” на Организацијата во Софија.
Христо Матов има завршено филологија во Софија и работи како учител во Сер. На одење за Скопје, каде што е назначен за директор, тој застана во Солун. Таму Даме Груев го запознал со делото. Во лицето на новиот приврзаник, ВМОРО добива образован иден водач со значајна литературна култура, со љубов кон народната поезија и со оригинално писателско перо. Со спартански навики во приватниот живот, строг спрема себеси и другите, необично упорен во своето мислење, Матов се издигнува бргу и го зазема, заедно со Ѓорче Петров, местото на прв теоретичар на македонската револуција. Тој најдолго работел од старите лидери на ВМОРО и ја доживеал и Првата светска војна.
[уреди] Надворешни врски
- Апостолите на ВМОРО, Форум