Филологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филологија е наука за античките текстови и јазици. Поимот оригинално значи љубов (грчки philo-) за учење и литература (грчки -logia). Во академските традиции на неколку народи, широко поимање на „филологија“ ја опишува студијата на јазикот заедно со неговата литература и историскиот и културен контекст што се неопходни за разбирање на литературните дела и другите културно значајни текстови. Филологија на тој начин поврзува студии како граматика, реторика, историја, интерпретација на автори и др. Оваа дефиниција станува се поретка со време и поимот „филологија“ се повеќе добива значење на студија на текстови од перспектива на историска лингвистика.
[уреди] Видете исто така
- Кодикологија
- Лингвистика
- Палеографија
[уреди] Некои стари јазици
- Арамејски
- Латински
- Старогрчки
- Староегипетски
- Старомакедонски