Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Силвија Плат - Википедија

Силвија Плат

Од Википедија, слободна енциклопедија

Корицата на книгата од Линда Вагнер-Мартин насловена „Силвија Плат - литературен живот“
Зголеми
Корицата на книгата од Линда Вагнер-Мартин насловена „Силвија Плат - литературен живот“

Силвија Плат (27 октомври 1932 година - 11 февруари 1963 година) била американска поетеса и писателка. Нејзиното најпознато дело е “The Bell Jar” што е полу-автобиографска книга за нејзината борба со клиничката депресија. По нејзиното самоубиство таа добива статус на икона и се смета за една од најдобрите поети на нејзината генерација.

[уреди] Биографија

Плат е родена во Бостон, татко и бил Германец а мајка и имала австриско потекло. Таа била млада надежна поетеса објавувајќи ја својата прва поема на 8-годишна возраст. Нејзиниот татко Ото бил професор на колеџ но умира многу рано од дијабетис во 1940 година. Плат никогаш не се опоравува од смртта на својот татко. Таа продолжува да објавува поеми, а во август 1950 ја објавува и својата прва кратка приказна “Летото нема повторно да дојде”, објавена во магазинот “Seventeen”. Силвија страда од напади на депресија во текот на својот живот, а во 1950 година добива престижна стипендија и влегува на Smith College каде останува до 1953 година. Работи во Madamoiselle магазинот во Њујорк и тука преживува неколку епизоди на депресија. Згрижена е во болница и се подложува на електро-конвулзивна шок терапија (ЕЦТ), но и покрај агресивната терапија, во август 1953 година, таа има обид за самоубиство. Испратена е во институција за ментално здравје (McLean Hospital) и тука одлично се опоравува. Дипломира на Smith College во 1955 година и истата година ја освојува престижната Glascock награда за нејзината поема "Two Lovers and a Beachcomber by the Real Sea".

Плат се здобива со Fulbright стипендијата и се запишува на Кембриџ каде продолжува да пишува поезија, повремено објавувајќи некои од своите песни во студентскиот магазин Варсити. На Кембриџ се запознава со англискиот поет Тед Хјуџис. Во јуни 1956 година таа се мажи за Тед откако мајка и се согласува на овој брак. Од 1957 до 1959 година Плат и Тед живеат во САД. Силвија предава на Смит Колеџот. Откако забременува Силвија и Тед се враќаат во Велика Британија, нивната ќерка Фрида Хјуџис се раѓа на 1 април 1960 година.

Во 1960 година Силвија ја издава својата прва збирка песни наречена “The Colossus”. Во февруари 1961 година таа има спонтан абортус и голем број песни се однесуваат токму на овој трагичен настан од нејзиниот живот. Нејзиниот брак со Тед станува комплициран и тие се разделуваат, делумно поради нејзината психичка состојба (теориите се движат од: биполарно нарушување (манична депресија) па се до шизофренија и опсесивно-компулсивно нарушување) но и поради тоа што Тед ја запознава Азија Вевил.Плат се сели во Лондон со нејзините две деца, Фрида и Николас, изнајмува стан на Примроуз Хил (блиску до Regent's Парк) во куќа во којашто В.Б. Јејтс некогаш живеел. Зимата 1962/1963 е најладната зима што Британија ја памети, Силвија го минува својот последен викенд во куќата на Џилијан Бекер. Силвија изгледала среќно тој викенд. На 11 февруари 1963 година Силвија Плат извршува самоубиство задушувајќи се со гас во сопствената кујна. Нејзините две деце се пронајдени живо и во совршена здравствена состојба бидејќи таа ги сместила во друга соба, одлично изолирана со водени кујнски пешкири, отворајќи го прозорецот од собата на децата за да не вдишат ниту малку гас. Плат е погребана на гробиштата Heptonstall, West Yorkshire. И денес со сигурност не може да се зборува за врската меѓу Силвија и Тед иако за многумина тоа е главната причина за нејзиното самоубиство.

[уреди] Творештво

И покрај необјаснетата врска помеѓу Силвија и Тед, тој сепак е главниот наследник на нејзиниот личен и литературен имот. Контроверзно е тоа што Силвија не започнува бракоразводна постапка и целото наследство му припаѓа на Тед кој пак со писмо се обратил до The Guardian велејќи дека Силвија никогаш сериозно не размислувала за развод туку тие планирале заедничка иднина. Силвија пишувала дневник од својата 11 година, а Тед го уништил нејзиниот последен дневник за никогаш да не се дознае вистината за нивната врска. Во 1982 година Плат е првата поетеса која ја добива Пулицеровата награда постхумно. Многу критичари сметаат дека Тед се обидувал да ги контролира сите можни публикации на Силвија Плат сè до неговата смрт во 1998 година. Дури и откако по многугодишно криење на нејзиниот дневник го открива пред јавноста, Тед цензурира делови од нејзините текстови. Тој дури и ја цензурира нејзината стихозбирка Ариел отфрлајќи песни кои се однесувале на него. Тед го прекинува молкот за Силвија во неговата последна колекција наречена “Роденденски Писма”, насловната страна е направена од неговата ќерка Фрида.

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu