Општина Центар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Општини во Република Македонија | |
---|---|
Карта | |
|
|
Знаме | Грб |
|
|
Име: | Центар |
Седиште: | Населба Центар, Град Скопје |
Површина: | 7,52 km² |
Население: | 45362 |
Густина: | 6.032,18 жители на km² |
Број на населени места: | 1 |
Населени места: | Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево (Карадак Маало), Парк Маало и Тасино Чешмиче |
Адреса на седиште: | Михаил Цоков б.б. 1000 Скопје |
Телефон: | 02 3222-716 (Ц.), 02 3223-343, 02 3225-352, 02 3128-043 |
Факс: | 02 3211-089, 02 3061-925 |
Веб страница: | [1] |
Е-Пошта: | komunikacija@karpos.gov.mk |
Претставници | |
Градоначалник | Виолета Аларова |
Претседавач | - |
Членови на совет | 23 |
Општина Центар е општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Општина Центар се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет Св. Кирил и Методиј заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје. Градоначалник на општината е Виолета Аларова.
Содржина |
[уреди] Географиja
Општина Центар зафаќа површина од 7,52 km2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/km2.
[уреди] Граници
- Главна статија: Граници на Општина Центар
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Во Општина Центар живеат 45 412 жители од кои:
- Македонци — 38 778 (85,39%)
- Срби — 2037 (4,49%)
- Албанци — 1465 (3,23%)
- Роми — 974 (2,14%)
- Турци — 492 (1,08%)
- Власи — 459 (1,01%)
- Бошњаци — 108 (0,24%)
- Останати — 1099 (2,42%)
[уреди] Населби во Општина Центар
Под подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.
Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево (Карадак Маало), Парк Маало и Тасино Чешмиче. (Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско Маало на чие место било еврејска населба до втората светска војна).
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Органи
[уреди] Совет
Советот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:
- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
- Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
- Комисија за статут и прописи
- Комисија за локален економски развој
- Комисија за култура
- Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот
- Комисија за комунални работи и заштита на животната средина и природата
- Комисија за јавни дејности
- Комисија за образование
- Комисија за здравствена, социјална заштита и заштита на децата
- Комисија за родова еднаквост
- Комисија за програма за работа
- Комисија за доделување на годишната награда „Феникс“
[уреди] Урбани заедници
Целокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 16 урбани заедници. Повеќето од нив имаат свое седиште, претседател и технички секретар.
Урбана заедница | Адреса на седиште | Телефон | Претседател | Технички секретар |
---|---|---|---|---|
„Невена Георгиева Дуња“ | Ул. „Васил Ѓоргов“ бр.2 | 070/ 786-718 | Сашо Димитровски | Ружа Панговска |
„Боро Петрушевски Папучар“ | Ул. „Ѓорги Скрижевски“ бр. 20 | 070/ 242-320 | Благоја Марковски | Ленче Петреска |
„Кочо Рацин“ | Ул. „Бигла“ бр. 2 | 070/ 233-998, 31-47-955 | Неда Ивановска Гоше | Марина Костовска |
„Мито Хаџивасилев Јасмин“ | Ул. „50 Дивизија“ | 075/ 590-985 | Васе Трајковски | Васко Ѓоргиевски |
„Дане Крапчев“ | Нема свои простории | 071/ 525-626, 32-30-202 | Игор Лешко | нема |
„Наум Наумовски Борче“ | Ул. „Орце Николов“ бр. 79 | 071/ 550-180, 31-28-157 | Јордан Димовски | Снежана Симоновска |
„Раде Јовчевски Корчагин“ | Ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр.43 | 075/ 852-884, 31-34-878 | Драган Атанасовски | нема |
„Миле Арсовски“ | Нема простории | 070/ 989-733, 32-29-714 | Дамјан Мирчевски | Јаготка Атанаскова |
„Мирче Ацев“ | Ул. „Орце Николов“ бр.29 | 32-25-403 | Виктор Дерменџиев | нема |
„Роберт Гајдиќ“ | Ул. „Кочо Рацин“ бб | 070/ 535-532, 070/ 747-810 | Душан Јосифовски | Катерина Додевска |
„Васил Антевски Дрен“ | Ул. „Коста Шахов“ бр.20 | тел: 070/ 865-199, 32-31-710 | Бранимир Саракинов | Томислав Каревски |
„Мирче Мацан“ | Ул. „Пролет“ бр.39 | 070/ 563-789, 32-32-686 | Љубе Димовски | Зоран Дуридански |
„Славе Георгиевски Шнајдерот“ | Ул. „Мирче Ацев “ бб. | 070/ 220-054 | Љупчо Јаневски | нема |
„Благоја Деспотовски Шовељ“ | Ул.„Ѓуро Стругар “ бр.15-а | 070/ 206-410 | Љупчо Тошевски | Златка Василевска |
„Јане Сандански“ | Ул. „Битпазарска “ бр.125 | 071/ 839-233, 31-24-221 | Стојан Донев | Зорица Гошевска |
„Боте Ботевски“ | Градски трговски центар | 070/ 273-960, 31-62-855 | Пане Глигоров | Тодор Оцев |
[уреди] Културни и природни знаменитости
На подрачјето на општината се наоѓаат многу културно - историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен Мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви Свети Спас во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Извор
[уреди] Надворешни врски
|
||
---|---|---|
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Сарај | Центар | Чаир | Шуто Оризари |