Општина Прилеп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Општина Прилеп се наоѓа во западниот дел на Централна Македонија и според површината е најголема општина во Македонија. Градоначалник на општина Прилеп е Марјан Ристески.
Содржина |
[уреди] Географиja
Сегашната територија на општината е составена од поранешните (до 2004 година) општини Прилеп, Тополчани и Витолште.
Општината опфаќа дел од Прилепското поле (Пелагонија) и Прилепскиот дел на Мариово.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Седиште на општината е градот Прилеп.
Општина Прилеп брои 76 768 жители од кои:
70 878 (92,33%) се Македонци
4 433 (5,77%) се Роми
917 (1,19%) се Турци
172 (0,22%) се Срби
86 (0,11%) се Бошњаци
22 (0,03%) се Албанци
17 (0,02%) се Власи
243 (0,32%) други националности.
Општина Прилеп зафаќа поршина од 1 194,44 км2 и има 69,27 жители на км2 густина на населеност.
Во составот на општината влегуваат и 58 села: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица