Општина Градско
Од Википедија, слободна енциклопедија
Општина Градско е општина во Централна Македонија. Центар на општината е селото Градско.
Општини во Република Македонија | |
---|---|
Карта | |
|
|
Знаме | Грб |
|
|
Име: | Градско |
Седиште: | Село Градско |
Површина: | 236,19 km² |
Население: | 3760 |
Густина: | 15,92 жители на km² |
Број на населени места: | 16 |
Населени места: | Селата: Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Грнчиште, Двориште (Неготинско), Долно Чичево, Згрополци, Кочилари, Куридере, Ногаевци, Подлес, Свеќани, Скачинци, Убого и Уланци |
Адреса на седиште: | Маршал Тито 70-А 1420 Градско |
Телефон: | 043 / 251-522 |
Факс: | Нема |
Веб страница: | [1] |
Е-Пошта: | contact@gradsko.gov.mk |
Претставници | |
Градоначалник | Глигор Коцев |
Претседавач | - |
Членови на совет | 9 |
Содржина |
[уреди] Географиja
Градско е историски познато како значајна сообраќајна и трговска крстосница, не само за Република Македонија, туку и за поширокиот балкански регион. Тоа произлегува од неговата географска поставеност, која главно е рамничарскиот дел на средиштето на Македонија, распослано на двете страни на средното Повардарие. Низ него минуваат и се вкрстуваат значајни патни и железнички сообраќајни јазли, кои создаваат врска на северниот со јужниот дел на Балканот.
Нејзината територија зафаќа површина 290 km², на која егзистираат повеќе населени места. Населението на оваа Општина, карактеристично по етничката структура главно го сочинуваат Македонци, Бошњаци, Албанци, Роми, Турци и Срби, кои претежно егзистираат од земјоделство.
На површина од околу 7.000 Хектари обработливо земјиште, главно се одгледуваат градинарски производи, а постојат и добри услови за развој на полјоделство и лозарство. Мал дел од населението се занимава со сточарство, со оглед на фактот што пасиштата во овој регион се најсушни во однос на другите во Повардарието и воопшто во Република Македонија. Според новата поделеност на Републикава и локалната самоуправа, општината Градско започнува со сериозна ревитализација на овој регион, за да се сопрат миграционите процеси и целосно да се подобрат условите за живеење и егзистенција.
[уреди] Историja
Името на населбата Градско го има добиено од село Градско кое се наоѓа на оддалеченост од 2 km источно од новата населба, лоцирана на самата железничка пруга Солун – Градско. А пак самото село Градско своето име го има земено од античката населба Стоби оддалечна 3 km источно од селото. Во 518 година од нашата ера, по катастрофалниот земјотрес што ја зафатил Античка Македонија градот Стоби бил разрушен и опостушен. Поради тоа околното населние го нарекло Пуст Град, а тоа го прифатиле и жителите на селото Градско како име на своето село. Бидејки со време придавката Пуст одпаднала останало името Град кое подоцна се нарекло Градско.
Железничката пруга Солун – Скопје е изградена во периодот 1871 – 1873 година, време на владеењето на Турската империја со Македонија. Железничката пруга Солун - Скопје, по долината на реката Вардар минува покрај бројни населени места, села и градови кои постоеле, но единствено нова е населбата Градско. Населбата е подигната за време на градењето на жележничката пруга и жележничката станица градско и тоа како целосна нова населба. Затоа населбата, која е основана и изградена околу самата жележничка станица Градско, може да се рече дека е и нејзино чедо.
[уреди] Економија
Во 1947 год. Населбата Градско, и во дел од околните села Уланци, Росоман и Градско е воведена електрична струја. Во населбата Градско се појавиле првите никулци на индустријата. Во 1960 год. е изградена фабриката за битуменски маси и лепенки Изоломонт, чија вредност на производи во 1980 год. изнесувала 60 милиони денари. Во 1964 година изграден е уште еден индустриски капацитет Фабрика за производство на сточна храна со капцитет на 20.000 тони концентрат.
Во Опстината трговијата почнала да функционира со изградбата на железничката пруга и станица. Со тоа доаѓале трговци од Неготино, Велес, Скопје, Штип и др. Фирмите се бавеле со трговија на мешовита стока и вршење откуп на земјоделски производи а посебно житарици кои ги извезувале и надвор од Македонија. Трговски дуќани за продажба имало во Долно Чичево, Подлес, Виничани и Градско. Денес имаме современи продавници за мешовита стока и текстилна облека. Првите угостителски објекти се изградени во време на подигнувањето на железничката пруга. По завршувањето на Првата Светска војна 1918 год. се изградени хотел и угостителски дуќани кои во тоа време работеле успешно. Никнале и слаткари, фурнаџии и други угостителски објекти. Во поново време Градско како општина и како транзитен центар има околу десеттина ресторани кафетерии и др. Угостителски објекти од кои како по успешен можеме да го издвоиме ресторан Екслкузив.