Згрополци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Згрополци е село во Општина Градско, во околината на градот Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Згрополци |
Општина: | Општина Градско |
Население: | 1 жител |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Згрополци се наоѓа на 9 километри јужно од градот Велес и е сместена непосредно на брегот на реката Вардар од левата страна на локалниот пат Велес - Градско. Згрополци претставува железничка станица на пругата Скопје - Гевгелија.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Во непосредна близина на селото се наоѓа Хемиската Индустрија Велес „ХИВ“ која произведува вештачки ѓубрива и хемиски препарати за земјоделството, а во моментов е во стечај. Иако селото е раселено, земјоделското земјиште во неговиот атар се активно обработува од неколку фирми и индивидуални земјоделци од соседните села. Најмногу се одгледуваат житните култури (најмногу пченица) и доста е застапено лозарството. Во текот на зимскиот период во бачилата во ридовите околу Згрополци презимуваат голем број стада овци од Западна Македонија.
[уреди] Демографија
Според пописните листи од пописот во 1994 година, Згрополци е раселено село по 1981 година кога броело 3 жители, Македонци.
Но според пописните листи од пописот во 2002 година, во Згрополци е забележан само 1 жител, Македонец.