Нуклеинска киселина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нуклеинските киселини претставуваат доста големи полимери (односно полинуклеотиди) создадени од нивните мономери - нуклеотидите. Името нуклеински киселини потекнува од латинскиот збор nucleus = јадро, бидејќи за прв пат се изолирани од јадрото на клетките. Структурно и функционално разликуваме два вида на нуклеински киселини: ДНК (деоксирибонуклеинска киселина) и РНК (рибонуклеинска киселина).
[уреди] Споредба на ДНК и РНК
Сите нуклеински киселини (и ДНК и РНК) функционираат заедно (поврзано) во пренесувањето на наследните својства и во процесот синтеза на протеините. Но, тие се разликуваат во нивната градба (структура) и функција:
Табела: Главни разлики меѓу ДНК и РНК
Карактеристики на ДНК | Карактеристики на РНК |
---|---|
Големина на молекулот: од неколку илјади до неколку милиони нуклеотиди | Варира од 100 до 100 000 и повеќе нуклеотиди |
Се среќава највеќе во јадрото и други органели (хлоропласти, митохондрии) | Се среќава во јадрото и во цитоплазмата. |
Се состои од две комплементарни полинуклеотидни низи (хеликс) | Се состои од една полинуклеотидна низа која е комплементарна со една низа од ДНК (бидејќи настанува од неа) |
Во својата структура го содржи моносахаридот деоксирибоза | Во својата структура го содржи моносахаридот рибоза |
Се состои од пиримидинските бази цитозин и тимин | Се состои од пиримидинските бази цитозин и урацил |
Според функцијата, има една и единствена ДНК | Според функцијата, има три вида на РНК: рибозомска, транспортна и информациона РНК |