Моносахарид
Од Википедија, слободна енциклопедија
Моносахаридите се најпростите шеќери (односно јаглехидрати), кои кога се делат ги губат својствата на јаглехидрати (шеќери). Најчесто тие се делат со процесот хидролиза. Моносахаридите се полихидроксилни соединенија (содржат повеќе -OH групи). Како такви, тие се раствораат во вода, имаат сладок вкус, а не се раствораат во органски растворувачи и масти. Моносахаридите во својата молекула може да имаат алдехидна група, па тогаш говориме за алдози или кето група, т.е. кетози. Според бројот на јаглеродни атоми, простите шеќери се делат на:
Вид моносахарид | Број на јаглеродни атоми | Пример | Особини на конкретниот моносахарид |
---|---|---|---|
Биоза | 2 | Гликоалдехид (или гликолоза) | Добиен по лабораториски пат. Важен меѓупроизвод на метаболизмот во оксидационото разложување на глукозата и во фотосинтезата |
Триоза | 3 | Диоксиацетон | Настанува во текот на анаеробното разложување на глукозата |
Тетроза | 4 | Има вкупно 4 вида: L и D треоза ; L и D еритроза | Добиени по синтетички пат |
Пентоза | 5 | Рибоза и деоксирибоза | Составен дел на РНК и ДНК, соодветно |
Хексоза | 6 | Глукоза и Фруктоза | Најважни и најпознати моносахариди. Учествуваат во различни биохемиски процеси и имаат енергетска улога во организмот |
Има и други моносахариди, со повеќе C атоми, но овие се најважните. Ако некој од горенаведените моносахариди содржат алдехидна група, тогаш тие се, на пример, алдобиози, алдотриози итн., а ако содржат кето група: кетобиози, кетотриози итн.