Мансарда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мансарда во архитектурата се однесува на стил на закривен покрив кој се карактеризира со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата. Ваквиот покрив дава можност за максимална искористеност на поткровјето и се смета за практичен начин на додавање спрат на една зграда. Декоративниот потенцијал на мансардата често се искористува со конкавни или конвексни криви линии и богато украсени баџи.
Овој стил станал популарен во Франција со делото на архитектот Франсоа Мансар (1598–1666). Тој е изумителот на овој вид на покрив и затоа самниот го носи неговото име (toiture à la Mansarde) или само „мансарда“.
Во времето кога куќите во Франција се оданочувале според бројот на спратови под покривот, мансардите биле згоден начин да се направи спрат, а да се избегне данок. Во 1850-тите мансардата доживува своевидна ренесанса при реизградбата на Париз. Стилот од ова доба во Франција се нарекува Втора империја.
Друга ренесанса на мансардата се случила во САД и Канада за време на доцниот XIX век како една од експресивните форми прифатени од викторијанските архитекти. Во стилот на Втората империја, мансардата обично се користела како покрив за кула, а помалку за цела зграда.
[уреди] Мансардата во Македонија
Во Македонија мансардите биле преземени директно од француската архитектура. Примери за мансарди на најчесто наоѓаме во Битола (како град со изразени француски влијанија), но и во други градови каде архитектите влечеле инспирација од Битола или од други извори. Треба да се спомене дека мансардите се користат и ден денес во стилизираната современа архитектура.
[уреди] Видете исто така
- Франсоа Мансар