Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions Историја на Пиринскиот дел на Македонија (1913 - 2005) - Википедија

Историја на Пиринскиот дел на Македонија (1913 - 2005)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Пиринска Македонија од секогаш била дел на Македонија и како таква дала многу Македонски борци и херои меѓу кои најпознат е пиринскиот цар Јане Сандански (близок соработник на Гоце Делчев и најголем противник и борец против врховизмот и големобугаризмот) друг познат Македонски борец и деец од Пирин е Никола Вапцаров .На подрачјето на Пирин е дигнато познатото Кресненско Востание против турската власт во 1878/79 година со центар во Кресна,а исто е изведено и познатото грабнување на америкнаската мисионерка Мис Стон.

Содржина

[уреди] Кресненско востание

Види Кресненско востание

Во селото Кресна на 17 октомври 1878 година е подигнато Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт. Востанието во тоа време било наречено Македонско востание, но подоцна во историската наука е оригиналното име било променето во Кресненско востание според местото во кое е кренато востанието. Главни раководители на востанието биле македонскиот револуционер Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов.

Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година пишува - Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како Македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или слобода!. Истотака во уставот пишува дека во Македонија живеат христијани и муслимани Македонци, а се набројани и Турците, Албанците и Власите како жители на Македонија.

Сличен документ но и по битен е Правилникот за македонската војска напишан од Димитрија Беровски самиот водач на востанието.

Востанието било планирано да биде општонародно македонско востание и за таа цел биле формирани чети во Тетовско, Велешко, Скопско, Леринско, Костурско и други краишта во Македонија. Востанието имало и за цел по ослободувањето на Македонија, да се спроведе членот 23 од Берлинскиот мировен договор кој предвидувал автономија, односно да Македонија да нова стане независна држава на Балканот.

[уреди] Пиринска Македонија во Балканските војни

Види Прва балканска војна


[уреди] Припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија

Георги Димитров, водачот на Отечествениот фронт и првиот прртеседател на НР Бугарија кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на Разлог, е единствениот бугарски државник кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, македонскиот јазик како посебен словенски јазик, македонската историја и Република Македонија (тогаш Народна Република Македонија) како национална држава на Македонците, туку и се залагаше за целосно обединување на Македонија во рамките на Балканска Федерација.

Георги Димитров во своето писмо од 1934 година до МНС од Детроит вели:

Јас се чувствувам нераскинливо врзан со судбината на Македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство што потекнува од Разлог - долината на историското Илинденско востание ....... Македонското движење има многу непријатели . Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен непријател се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и, пред се бандата на Ванчо Михајлов ...... Не може дада има успешна борбаа против националното угнетување и за ослободување на Македонскиот народ без конечно изолирање на Македонските маси од таа опасна банда, без полното елиминирање на нејзината јудинска улога во Македонското движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на ВМРО на Ванчо Михајлов)...... Само единствената револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција .

Овие свои ставови Георги Димитров подоцна и ќе ги потврди со формулирање на следниве три точки:

1. Признавање на Македонската нација како посебна словенска нација на Балканот и (С)Р Македонија како национална држава на Македонците.

2. Признавање на националните права на Македонците во Пиринска Македонија под управата на Отечествено-фронтовската бугарска држава.

3. Создавање пријателска атмосфера меѓу Југославија и Бугарија и готовност за создавање на јужно-словенска федерација во која би влегла и Бугарија како посебна единка со задолжително обединување на Вардарска и Пиринска Македонија која би била седма федерална единица во спомената федерација.

Врз основа на пописот од 1946 година, 70% од населението во Пиринска Македонија се декларирало за Македонци. Тоа било и своевиден плебисцит, па во училиштата во Пиринска Македонија почна да се изведува настава на македонскиот мајчин јазик, отворени беа македонски книжарници, а во Благоевград (Горна Џумаја) почна да работи Македонски народен театар и беше дадена директива да се изработи законски проект според кој таа културна автономија на македонците во Пиринска Македонија да се преобрази во територијална. Меѓутоа, со резолуцијата на Информбирото (заладувањето на одосите меѓу СФРЈ и Бугарија), смртта на Георги Димитров и доаѓањето на власт на Тодор Живков сето ова е забрането, поништено и прекинато.

[уреди] Борба за национални права на Македонците во Пиринска Македонија (1989-2000)

1989 14.11. - Во Софија е формирано Независно здружение - Македонска организација Илинден (ВМРО - независна), од која подоцна се разви ТМО ВМРО - независна Илинден; лидер: Георги Солунски.


1990 5-6.01. - Основан е Сојузот на македонските културно-просветни друштва (СМКПД) во Бугарија. 11.03. - Мирни демонстрации во Софија на стотина Македонци од Софија и од Пиринска Македонија. Врачена Петиција до Народното собрание на НР Бугарија. 14.04. - Во Сандански е формирана Обединетата македонска организација (ОМО) Илинден; лидер: Стојан Георгиев-Томовичин. 22.04. - Масовен собир на Македонците крај гробот на Јане Сандански, со учество на околу 10.000 луѓе. Објавена е Декларација. 14-15.05. - ОМО Илинден и Илинден (ВМРО) - независна побараа регистрација. Барањата се одбиени. На 6 јуни ОМО-вци во „штафетен штрајк“, применета е полициска сила. 10.06. - Бојкот на првите парламентарни избори во Бугарија. 2.08. - во с. Оштава полицијата го прекина одржувањето на Првиот конгрес на ОМО Илинден, материјалите се запленети, а организаторите притворени.


1991 19.04. - Бугарскиот претседател Желју Желев: „Бугарскиот Устав не го познава статусот национално малцинство“. 20.04. - Оваа, како и сите наредни години, бугарските власти забрануваат собирање на Македонците крај гробот на Јане Сандански. 2.08. - спречена е прославата на Илинден, активисти на ОМО тепани од страна на бугарската полиција во Kресна. ноември - формирана е Македонската демократска партија; лидер: Славе Македонски.


1992 4-14.12. - На пописот на населението Македонците се повикани слободно да се декларираат како Македонци. ОМО испрати протест до КЕБС.


1993 24.04. - ОМО Илинден е обвинета за тероризам. 18.06. - Уапсен е Георги Солунски - (на 31.10.1995 осуден на затвор). 30.09. - Формиран е Сојуз за просперитет на Пиринскиот дел на Македонија.


1994 10.03. - Лидерот на ОМО Илинден, Јордан Костадинов, на прес-конференција во Софија побара статус на автономна област за Пиринска Македонија. Остри реакции од бугарска страна. 5.10. - во селото Мосомиште, Гоцеделчевско, е формирана ОМО ИЛИНДЕН - Демократско движење. Лидер - Иван Сингартијски.


1995 17.03. - ОМО Илинден ја обвини Бугарија пред Европскиот суд. 2.12. - Одржан е Вториот конгрес на ОМО Илинден за обединување.


1996 4.02. - Во с. Мосомиште е спречен собир на ОМО Илинден-ДД. 8.06. - Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во Американскиот универзитет во Благоевград. Обиди за избор на ново раководство на ОМО. 21.10. - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур.


1997 12.08. - ОМО Илинден бара Бугарија да ја потпише „Рамковната конвенција за националните малцинства“, без интерпретативна клаузула, како и спроведување попис на населението во Бугарија. 28.09. - одржан е конгрес на ОМО Илинден - центар.


1998 28.02. - во градот Гоце Делчев е одржан Обединувачки конгрес на фракциите и на групите на ОМО Илинден (со исклучок на групата на Јордан Костадинов). 29.07. - Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур. 14.08. - Во Софија е одново регистрирана ТМО-ВМРО- независна, на лидерот Георги Солунски, но не како политичка организација. 3.09. - ново крило на ОМО Илинден во Ќустендил, именувано како ОМО „Македонија“ - претседател Крум Малинов. 13.11. - Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на ОМО Илинден (претседател Јордан Костадинов).


1999 12.02. - Градскиот суд на Софија ја регистрира ОМО Иилинден - Партија за економски развиток и за интеграција на населението (Пирин) како политичка партија - претседател Иван Сингартијски. 16.02. - протестна декларација од ОМО Илинден-Пирин по повод проектот на бугарско-македонската декларација, потпишана на 21 февруари во Софија од премиерите Георгиевски и Иван Костов во Софија 24.12. - Двајца кандидати на ОМО Илинден-Пирин се избрани на локалните избори за кметови на селата Мосомиште и Љаски.


2000 26.02. - Во Кресна - прв легален конгрес на ОМО Илинден-Пирин. 29.02. - Уставниот суд на Бугарија ја прогласи за неуставна ОМО Илинден-Пирин. Лидерот Сингартијски најавува тужба до Европскиот суд во Стразбур.

[уреди] Македонски борци и херои од Пиринска Македонија

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu